Пол Валери![]() Пол Валери (30 октомври 1871 - 20 јули 1945), француски писател, еден од најголемите лиричари на Франција. ЖивотописПол Валери е роден на 30 октомври 1871 година, во малото приморско место Сет. Денес, на вториот кат од градскиот музеј се наоѓа спомен-соба, посветена на Валери.[1] Пол Валери имал ќерка - Агата Руар-Валери која живеела во Париз.[2] ТворештвоНајпознати дела на Валери се поемите „Морнарски гробишта“ и „Младата Парка“, како и есеите „Вовед во методот на Леонардо да Винчи“ и „Танецот“. Покрај со поезија, Валери се занимавал и со скулптура. Така, во неговата спомен-соба во градскиот музеј на Сет се наоѓаат три скулптури на Валери: неговиот лик, бистата на Стефан Маларме и бистата на Едгар Дега. По кажувањето на неговата ќерка, Валери ја направил скулптурата на Маларме десет години по неговата смрт, и тоа без да се послужи со никаква фотографија.[3] НаводиНадворешни врски
![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со: ![]() Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia