Портрет на Катарина Вучковиќ (Зографски)
Портрет на Катарина Вучковиќ — слика од Ѓорѓи Зографски, насликана во 1932 година која се наоѓа во Музејот во Смедерево. Димензиите ѝ се 32 х 20 см. Сликата не е сигнирана.[1] ОписПортретот на Катарина Вучковиќ, млада жена од Смедерево, е поинвентивно насликана од другите портрети од смедеревското раздобје. Моделацијата на лицето и вратот е добро речена, а линиите на цртежот ги следат контурите на волуменот. Сугестивниот поглед, стиснатата уста, самоуверенот став ја откриваат целата длабина на карактерот на овој елегантен лик. Судејќи споре насликаната длабина на пределот, најверојатно е сликан врз основа на фотографија. Независно од тоа, ова дело е едно од неговите подобри остварувања, духовно близок на бидермаерот, но со реалистични детали[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia