Бидермаер![]() Бидермаер (германски: Biedermeier) — уметничко движење во германската и австриската уметност, главно во сликарството, графиката, уредувањето на ентериерот и украсно-применетата уметност, кое се развива во периодот од 1815 г. до 1848 г., во време на релативен мир во Европа по завршувањето на Наполеоновите војни и пред почетокот на револуционерните настани во Германија во 1848–1849 г. Поради отсуството или слабото изразување на оригинални стилски одлики и формални обележја во делата од бидермаерот, ова движење е тешко да се класифицира како посебен уметнички стил. Германските истражувачи Г. Бемер, Р. Леман и Л. Шрот го нарекуваат бидермаерот „намален ампир“ или „псевдоромантизам“, иако тој настанал како последица на романтичарското движење во уметноста на земјите од Западна Европа.[1] Во почетокот на XX век, за време на југендстилот, ар декото и особено модернизмот, уметноста на бидермаерот била оценувана исклучително негативно. Денес, бидермаерот се смета за карактеристично движење на провинциската уметност во западноевропските земји од првата половина на XIX век, кое ги одразува процесите на зародување на естетиката на историзмот и еклектиката од 1830-тите до 1880-тите години. Во македонскиот јазик, зборот „бидермаер“ може да означува и украсно аранжирано цвеќе.[2][3] ИсторијаДолг период овој временски отсек во историјата на германско-австриската уметност бил нарекуван „предмартовски“, алудирајќи на мартовските настани од 1848 г., кои го означуваат почетокот на револуцијата во Германија. Во 1814–1815 г. се одржал Виенскиот конгрес, на кој тројца императори — Александар I, австрискиот император Франц I и претставникот на Прусија — го склучиле „Светиот сојуз“ меѓу Русија, Австрија и Германија, со цел воспоставување на мир, ред и обновување на стариот монархистички поредок. Значајно е тоа што почетокот на овој период во ликовната уметност бил одбележан со делото на германскиот сликар Г. Оливје, кој ја претставил „Алегоријата на реставрацијата“ преку ликот на тројцата императори (на Русија, Германија и Австрија), облечени во витешки оклопи, кои се држат за раце пред олтарот на една готска црква. Идеите на реставрацијата тогаш биле тесно поврзувани со готскиот стил. Оттука и подоцнежните оценки на бидермаерот како конзервативна, па дури и реакционерна уметност. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia