Портрет на јеромонахот Самоил
Портрет на јеромонахот Самоил – слика од Дичо Зограф. Сликата е темпера на гипсан грунд врз штица, со димензии 40х39 см, завршена во 1854 година. Во сопственост е на националната установа Заводот и музеј во Прилеп.[1] ОписВо 1854 година за манастирот Трескавец го насликал портретот на јеромонахот Самоил. Во овој случај, Дичо Зограф ги прави првите отстапувања од традиционалното сликарство. Јеромонахот Самоил е стварна и современа личност со продуховен поглед и особни црти на лицето. Облечен е во монашка облека, во десната рака држи крст и бројници, а во левата отворен свиток. Амбиентот во кој е сместен ликот, отворениот свиток, ангелот во десниот горен агол и широко третираните очи, ги носат одликите на црковната уметност од XIX век. Реалистичниот пристап во обработката на лицето и настојувањето да се предаде наравот на ликот упатуваат на историскиот обид на Дичо Зограф за отстапување од образецот на црковното сликарство и претставување на стварна, современа личност.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia