Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина
Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина или ПКП (кин. 中国共产党中央政治局常务委员会; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng Zhōngyāng Zhèngzhìjú Chángwù Wěiyuánhuì) е комитет што се состои од највисоките функционери на Комунистичката партија на Кина. Се состанува еднаш неделно и носи одлуки со консензус. Секој член е надлежен за поважна област како економијата, законодавството, корупцијата, внатрешната безбедност и пропагандата.[1] Согласно Уставот на КПК, Генералниот секретар на ЦК мора да членува во Постојаниот комитет.[2] Денес овој комитет е де факто највисок и најмоќен управно-политички орган во Кина. Членовите се предмет на внимателно иследување од домашните медиуми и странските аналитичари. Улогата на комитетот низ историјата се менувала. На пример, за време на Културната револуција, комитетот немал власт и значење. ИсторијаВистинскиот степен на моќ на комитетот се менувал низ децениите. На почетокот на Културната револуција, власта вистински му припаѓала на Културнореволуциската група на Централниот комитет, која формално му била потчинета на Постојаниот комитет на Политбирото, но во суштина раководела со него. Со укинувањето на групата во 1969 г., членовите што покажувале најголема верност кон Мао Цетунг биле примени во Постојаниот комитет. Последните години од револуцијата се запаметени како период на големи внатрешни безредија, а по смртта на Мао во 1976 г., на функцијата останале само два члена — Хуа Гуофенг (претседател на партијата) и Је Џенјинг (потпреседател). Претходната година починале петмина, еден (Денг Сјаопинг) бил исфрлен, а двајца (припадници на т.н. Четиричлена банда) биле притворени и ставени под истрага. Откако дошол на власт во 1978 г., Денг Сјаопинг си дал задача да ја зајакне власта на партијата. Во 1989 г. издал наредба војската да изврши интервенција во протестите на плоштадот „Тјенанмен“ против волјата на највеќето членови на Постојаниот комитет, што завршило со нивно исфрлање. Услови за членствоИзборот на членови во државниот врв почива повеќе на семејни врски и лојалноста кон одредени личности, отколку на способноста на политичарот.[1][3] Важна улога играат и староста и искуството.[4] Политичките погледи на оние што се стремат кон врвот рутински се прикриваат за да не дојде до судири.[1][3] Тековни членови (по редослед)
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia