Постојнска Јама
Постојнска Јама (словенечки: Postojnska jama) — карстен пештерски систем кај Постојна, Словенија, долг 20,5 км. Претставува втор најголем ваков систем во Словенија (по Миговец)[2] и една од најголемите посетителски места во земјата.[3] Јамата е создадена од реката Пивка. ИсторијаПештерата прв ја опишал природонаучникот Јанез Вајкард Валвазор — основоположник на изучувањето на карстните појави.[4] Во 1818 г. мештанинот Лука Чеч открил нов дел од системот, кога се вршени подготовките за посетата на светиот римски цар Франц I на пештерата.
Во 1819 г. Постојнската Јама е отворена за посети од јавноста и Чеч станал нејзиниот прв туристички водич. Во 1884 г. во пештерата е поставено електрично осветлување во земјата, дури и пред Љубљана.
Во 1872 г. во пештерата е поставена посетителска железница за разгледување на внатрешнсота. Најпрвин вовчето го туркале самите водичи, но на почетокот на XX век туркањето го заменила гасна локомотива.
За време на Втората светска војна, германската војска ја пренаменила пештерата во складиште, каде се чувале 1.000 буриња авионско гориво. Залихите се уништени во април 1944 г. од словенечките партизани во оган кој беснеел цели седум дена, уништувајќи голем дел од пештерата и зацрнувајќи го влезот.[5][6][7]
По 1945 г. гасната локомотива е заменета со електрична. За јавноста се отворени 5,3 км од пештерата, што претставува најдолгата јавно достапна пештерска атракција во светот. На крајот на 1990-тите била една од најпосетуваните изложбени пештери во светот, со речиси 1 милион туристи годишно.[8] Туризмот во 21 век Во јуни 2015 година, управата на пештерата известила дека пештерските нуркачи успеале да истражат дополнителен подводен дел од пештерата што води кон пештерата Планина, со што го продолжил системот на пештерата од 20.570 м (67.490 стапки) на 24.120 м (79.130 стапки).Во пештерата се наоѓала и единствената подземна пошта во светот.[9] [10] Човечка рипкаПостојнската Јама е позната како дом на ендемската човечка рипка (Proteus anguinus) — најголемиот пештерски водоземец во светот. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia