Првична енергијаВкупен светски примарен извор на енергија од 162,494 TWh/киловат часови (или 13,792 Mtoe/милиони тони нафта) по горива во 2017 година (УЕИ, 2019)[1]:6,8 Нафта ( 32%) Јаглен/тресет/шкрилци ( 27,1%) Природен Гас ( 22,2%) Биогорива и отпад ( 9,5%) Јадрена моќ ( 4,9%) Хидроенергија ( 4,4%) Обновлива енергија ( 1,8%)
Вкупен светски примарен извор на енергија од 162,494 TWh/киловат часови (или 13,792 Mtoe/милиони тони нафта) по регион во 2017 година (УЕИ, 2019)[1] ОЕСР ( 38%) Среден Исток ( 5,4%) Вон-ОЕСР Евроазија ( 8%) Кина ( 22%) Вон-ОЕСР Азија ( 13,4%) Вон-ОЕСР Америка ( 4,4%) Африка ( 5,8%) Воени бази (вода/воздух) ( 3%)
Првичната енергија или примарната енергија (ПЕ) е форма на енергија која се наоѓа во природата и не е подложена на никаков процес на претворање од човечки фактор. Оваа енергија е содржана во сировите горива и другите форми на енергија што се додаваат како „храна“ во некаков потрошувачки систем. Примарната енергија е обновлива или необновлива. Во примерите дадени во кои се објаснува примарната енергија како фосилно гориво, целосната енергија на горивото е достапна како топлинска енергија, па обично околу 70% се губи при претворање во електрична или механичка енергија. Слична загуба при претворање во сооднос од 60-80% е кога сончева и ветерна енергија се претвора во електрична енергија, но во денешните конвенции на ООН за енергетска статистика, сметаат дека електричната енергија направена од овие извори е „чиста“ примарна енергија. Една од причините зошто ова мислење е признаено, е дека истражувањата поврзани со ветерната и сончевата енергија е мал во споредба со истражувањата за фосилните извори на енергија, па оттука постои и меѓународна дебата за тоа како да се класифицира и измери примарната енергија од ветерот и сонцето.[3] Вкупното снабдување со првична енергија (ВСПЕ) е збирот од производствениот и увозниот капацитет на енергија, притоа, одземајќи го излезниот капацитет и складишните промени.[4] Концептот за примарната енергија се користи во енергетската статистика при составувањето на енергетските биланси, како и во областа на енергетиката. Во енергетиката, терминот „првичен извор на енергија“ (ПИЕ) се однесува на енергетските форми што ги бара енергетскиот сектор за да се изведе снабдувањето од енергетските извори што ги користи човечкото општество.[5] Секундарната или конвергираната енергија е носител на енергија, како што е електрицитетот. Овие типови на енергија се произведуваат со претворање од некаков примарен извор на енергија. ПЕ и ВСПЕ се подобро дефинирани во смисла со светското снабдување со енергија. Видови извориПрвичните извори на енергија не треба да се помешаат како компоненти на енергетскиот систем (или како процес на претворање), преку кои тие се претвораат во конвергирани енергетски извори.
Употреблива енергија![]() Првичните извори се преработуваат при претворање на енергијата во попогодни форми на енергија кои можат веднаш да се користат од општеството, како што се електрицитетот, рафинираните горива или синтетичките горива како водородното гориво. Во енергетиката, овие форми се нарекуваат конвергирани енергетски извори и припаѓаат на концептот за „секундарна енергија“ во енергетската статистика. Претворање во конвергирани извори (секундарна енергија)Конвергираните извори се енергетски форми кои се преработуваат од првичните извори на енергија. Електричната енергија е една од најчестите конвергирани извори, која се трансформира од разни примарни извори на енергија како јаглен, нафта, природен гас и ветер. Електричната енергија е особено корисна бидејќи има мала ентропија (има висока стапка на подреденост, бидејќи воопшто енергијата има тенденција да е „слободоумна“, т.е. човекот нема доволно инструменти да ја контролира во потполнност, таа станува „хаотична“, па од таму и терминот „ентропија“), па така може ефикасно да се претвори во други форми на енергија. Топлификацијата е друг пример за секундарна енергија.[7] Според законите на термодинамиката, првичните извори на енергија не можат да се создадат. Тие мора да се достапни на општеството за да се овозможи преработката во конвергирани извори.[5] Конверзивната ефикасност варира. Производството на електрична и механичка енергија, од топлинска енергија, е ограничено со Карновата теорема што значи дека се создава многу отпадна топлина. Другите не-топлински конверзии можат да бидат поефикасни. На пример, иако ветерните турбини не ја прибираат целата енергија од ветерот, тие имаат висока ефикасност на претворање, па создаваат мала отпадна топлина, бидејќи енергијата на ветерот има ниска ентропија. Во принцип, сончевите фотонапонски конверзии можат да бидат многу ефикасни, но во денешно време, претворањето може да се изврши ефикасно само во тесен опсег од брановата должина на сончевиот зрак, додека сончевата топлинска енергија е исто така подложена на ограничувањата од теоремата на Карно. Хидроелектричната моќ е исто така високо подредена, па се претвора ефикасно. Количината на употребливата енергија се нарекува ексергија (максимално количество на енергија што може да се добие при претворање) на еден систем. Потрошувачка и изворна енергија„Site energy“ или „тополошка енергија“ е израз што се користи во Северна Америка за „количина на енергија од сите форми за крајна употреба (кон потрошувачите) потрошени на одредено место“. Ова може да биде мешавина од првична енергија (како што е природен гас кој гори на лице место) и ковергирана енергија (како што е електричната енергија). Тополошката енергија се мери на ниво на маало, згради или помали градби, па како таква е основа за мерење на трошоците за струја и сметки за комунални услуги.[8] Спротивно на тоа, „изворната енергија“ е израз што се користи во Северна Америка за „количина на потрошена првична енергија со цел да се обезбеди енергија во одредена локација“. Таа секогаш е поголема од потрошувачката енергија, бидејќи ја вклучува целата тополошка енергија, вклучително и губитокот на енергија при пренесот, испораката и претворањето.[9] Додека изворната или примарната енергија дава поцелосна слика колку е потрошувачката на енергија, таа не може да се мери директно и мора да се пресметува со мерење на потрошената енергијата од корисниците.[8] За електричната енергија, типичната пресметка е „три единици“ изворна енергија за добивање „една единица“ тополошка енергија.[10] Сепак, ова може значително да се разликува во зависност од примарниот извор на енергија или типот на гориво, видот на централата и инфраструктурата за пренос на енергијата. Еден целосен сет на фактори при претворање е достапен како технички навод од Energy Star.[11] И потрошувачката (тополошка) и изворната енергија може да биде соодветна при споредување или анализа за употребата на енергија на различни места. Управата за енергетски информации во САД, на пример, ја користи примарната (изворната) енергија за своите главни пресметки за енергијата,[12] но ги користи мерењата од тополошката енергија во нивните „Анкети за потрошувачка на енергија во деловни згради“[13] и „Анкети за потрошувачка на енергија во станбени згради“.[14] Програмата Energy Star на Агенцијата за заштита на животната средина на САД препорачува користење на изворна енергија во пресметките,[15] а Министерството за енергетика на САД ја користи тополошката енергија во својата дефиниција за градба со нулта нето енергија.[16] Преглед![]() Енергетски инциденти и смртни случаиЕнергетски несреќи се инциденти што се случуваат во институциите кои обезбедуваат енергија или моќ. Тие можат да прераснат во смртни случаи, дури и како резултат во нормалното функционирање на многу системи, како на пример, оние смртни случаи како резултат на последиците врз здравјето на работниците. Јагленот е одговорен за 100,000 смртни случаи на еден трилион kW.[17] Видете и:
Белешки
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia