ПрвомајОваа статија се однесува на градот во Бугарија. За селото со истото име, погл. Првомај (село).
Првомај (бугарски: Първомай) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Првомај во Пловдивската Област. Има население од околу 13.180 жители (2022).[1] Географија и местоположбаГрадот се наоѓа во Горнотракиската Низина на десниот брег на реката Марица. Првомај се наоѓа на 45 километри источно од регионалниот центар Пловдив и на 192 километри од главниот град Софија. ИсторијаНајстарото документирано спомнување на градот датира од 1576 година. Тој бил впишан во регистарот на Џелепкешаните, подготвен од Џафер, кадијата на Пазарџик. Првото училиште било изградено во 1836 година. Прв учител бил свештеникот Никола, кој освен што ги подучувал учениците, во училиштето вршел и богослужби и црковни церемонии — свадби, крштевки, погреби. Во 1849 година бил изграден и олтар, објектот бил официјално признат и осветен како црковен храм — црквата „Свети Димитар“, која е зачувана до денес. Во 1873 година официјално била отворена железничката линија од Трново-Сејмен до Белово. Таа дала поттик за развојот на населбата. На 18 јануари 1894 година е роден престолонаследникот кнезот Борис Трновски. На иницијатива на месните раководители е одлучено името на градот да се промени од турското Хаџи Елес во бугарското Борисовград. Идејата била поддржана по бурен митинг и молебен. Иницијативата била прифатена од централната власт и била одобрена со декрет на бугарскиот кнез Фердинанд I. Населбата се викала Борисовград до 1945 година. По воспоставувањето на комунистичкиот режим во Бугарија, на 1 мај 1945 година, на посебен митинг градот бил преименуван во Првомај. Идејата ја дал д-р Георги Славчев. На 5 мај 1945 година бил издаден Указ бр. 9159 за преименување на градот. По 1989 година два обиди за враќање на старото име на градот пропаднале поради силниот отпор на локалните комунисти и нивните сојузници. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia