Прво послание до Тимотеј
Првото послание на апостол Павле до Тимотеј е книга од Новиот завет. Тадиционално се смета дека била напишана од страна на апостол Павле, во времето кога престојувал во Македонија. Посланието е упатено до Тимотеј, соработник на Павле, кој тогаш се наоѓал во Ефес. АвторДенешните истражувачи се поделени околу авторството на ова послание. Голем број сметаат дека автор на ова послание е апостол Павле, како што пишува на самиот почеток од текстот: „Павле, апостол на Христа Исуса по повелбата на Бога, нашиот Спасител, и на Христа Исуса, нашата надеж“. Според овој стих, најголем број од раните христијани сметале дека авторот е Павле. Посладните 200 години започнало да се смета дека посланието всушност не е напишано од апостол Павле, туку од некој анонимен христијански ученик кој бил доста блиску до Павле и неговото учење. Се смета дека авторот на ова послание со сигурност бил и автор на посланието до Тит. Оние кои сметаат дека авторот на ова послание е апостол Павле, сметаат дека истото било напишано во периодот од околу 62 и 67 година. Останатите сметаат дека посланието било напишано кон крајот на 2 век. ТимотејТимотеј за првпат се спомнува во Апостолски дела (16:1). Неговата мајка баба Лоида и мајка Евника се споменуваат во Второто послание на апостол Павле до Тимотеј. Тимотеј го запознал Павле во времето на неговата втора посета на Листра. Павле го покрстил и го поставил за негов ментор. Така тие заедно патувале на различни места и градови. СодржинаПосланието започнува така што апостолот Павле го советува својот соработник Тимотеј да ги спречи оние што пропевадаат други учења кои не се во согласност со Евангелието, како што направиле Именеј и Александар кои ја отфрлиле вистинската вера. Во проодлжение, апостолот ги повикува верниците на постојана молитва и бара од жените да бидат побожни, чесни и покорни кон мажите, како и да раѓаат деца. Исто така, тој нагласува дека за ѓакони и епископи треба да бидат избирани луѓе кои се непорочни, чесни, почитувани од околината, кротки, мирољубиви и некористољубиви. Во продолжение, тој му дава совети на Тимотеј да биде побожен и да се чува од лажните учители и до лажната наука, да ги учи богатите да прават добри дела и да го чека доаѓањето на Исус Христос; верниците ги советува да ги почитуваат постарите и да се грижат за вдовиците, а особено да ги почитуваат презвитерите; робовите да им бидат послушни на господарите, особено ако тие ја примиле верата; верниците да бидат задоволни со малку, зашто богатството е изворот на злото итн.[1] Во ова послание, апостол Павле го охрабрува Тимотеј за неговата мисионерска дејност. Во тоа време, Тимотеј се наоѓал во Ефес, а Павле му напишал да остане таму и да продолжи со работата. На Ефес, Павле поминал три години, проповедајќи го христијанството, по кое Тимотеј го продолжил неговото слово. Павле го предупредува Тимотеј на појавата на лажни учители:
, советувајќи го:
Во тоа време една од големите дебати во христијанската заедница била улогата на жената во црквата. Сепак, апостол Павле авторитетот им го препушта на мажите:
Во контекст на ова, апостол Павле и мажите и жените ги повикува на молитва. Павле во продолжение пишува за поведението на различните групи во црквата,
|
Portal di Ensiklopedia Dunia