Второ послание до Коринтјаните
Второ послание до Коринтјаните (2 Коринтјаните) — послание (писмо) од Новиот завет припишано на Апостол Павле и соавторот Тимотеј, а упатено кон црквата во Коринт и христијаните во околната провинција Ахаја во денешна Грција.[1] СодржинаАпостолот Павле и неговиот соработник Тимотеј им се обраќаат на верниците од Коринт при што тој најпрвин го изразува своето жалење поради тоа што, наспроти намерите и дадените ветувања, не успеал да ги посети. Исто така, тој ја искажува својата благодарност до Бога кој му дал утеха по големите страдања и маки што ги претрпел за време на ширењето на христијанството во Азија, каде му бил загрозен животот. Потоа, тој кажува дека, за разлика од Израилот кој го почитува Стариот завет, тие му служат на Новиот завет, а таа служба доаѓа од Духот божји. Поради тоа, тој го проповеда Евангелието, изложувајќи се на маки и страдања, водејќи се од надежта за вечен небесен живот. Во продолжение, апостолот ги повикува верниците од Коринт да дадат милостиња за сиромашните. Потоа, тој ги наведува своите заслуги за ширењето на христијанството и бројниет страдања кои ги претрпел за време на својата дејност. Посланието завршува со порака до верниците да останат цврсти во верата и да бегаат од гревовите.[2] Автентичност и толкувањеБиблиолозите не се сомневаат дека автор на посланието е самиот Павле, но спорат за тоа дали изворно претставувало едно писмо, или е состав од повеќе Павлови писма.[3]:8 Иако Новиот завет содржи само две писма до коринтската црква, од нив се гледа дека Павле напишал барем четири, а дека црквата одговорила барем еднаш:
Во 1 Коринтјаните 7,1 се вели дека во тоа писмо Павле одговара на извесни прашања за кои му се обратила црквата. Наглата промена на Павловиот тон од благ во жестоко прекорен во 2 Коринтјаните 10–13 дава повод за претпоставки дека поглавјата 10–13 сочинуваат дел од т.н. „плачно писмо“ кои подоцна некако се нашле во главното писмо на Павле.[5] Оние кои не се согласуваат со ваквото наоѓање обично велат дека „плачното писмо“ едноставно е изгубено.[6] Други пак, велат дека иако плачното писмо повеќе не постои, поглавјата 10–13 се преземени од подоцнежно писмо.[7] Некои ја толкуваат наглата промена на темата во поглавјата 8–9 како показател дека тие првобитно претставувале посебно писмо, а други дури ги сметаат за две одделни писма. Разни други библиолози кои го оспоруваат ваквото гледиште.[8] Извесни стручњаци гледаат делчиња од „предупредувачкото писмо“, или од други писма, во поглавијата 1–9,[9] како на пр. дека еден дел од „предупредувачкото писмо“ е запазен во 2 Кор 6,14–7,1,[5] но овие хипотези имаат помала поддршка.[10] Теми![]() Книгата може да се подели на следниве тематски целини:
ИсторијаПавловиот контакт со коринтската црква може да се претстави вака:[6]
СодржинаВо второто писмо (послание) до Коринтјаните, Павле повторно се нарекува апостол на Исус Христос по Божја волја и ги уверува верниците во Коринт дека нема да добијат жалосна посета, и дека она што им го вели не е со намера да ги ожалости туку да им ја соопшти неговата љубов кон нив. Ова послание е пократко од првото и може да делува збунувачки ако читателот не е запознаен со општествените, верски и стопански прилики во таа заедница. Павле сметал дека тамошната состојба е усложнета и се почувствувал нападнат. Некои во Коринт не го признавале за апостол, па затоа Павле ја зпоредува таа заедница како тежок случај во однос на другите места каде го прифатиле со отворени раце, како што биле Галатјаните. Добива критики за начинот на зборување и пишување, и смета дека е оправдано да се одбрани со најважните поуки од неговото учење. Вели дека е важно да им се простува на другите, дека новата господова спогодба е направена со Духот на живиот Бог (2 Кор 3,3), важноста да се биде Христов човек и да се дарува милосрдие за верниците во Ерусалим. На крајот завршува зборувајќи за сопственото искуство, како Бог му дал поинаков живот (Sandmel, 1979). ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia