Предвремени избори

Предвремени избори се избори кои се распишуваат порано од закажаните. Вонредните избори во парламентарните системи честопати се свикуваат за да се реши политичкиот ќорсокак, каде ниту една политичка партија во парламентот нема мнозинство мандати, кога на актуелниот премиер му е изгласана недоверба, за да се искористи невообичаената изборна можност или да се одлучи за неодложно прашање. Предвремените избори се распишуваат во услови кога изборите не се потребни со закон или конвенција.

Македонија

Во историјата на Македонија одржани се четири предвремени парламентарни избори во 2008, 2011, 2014 и 2016 година.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya