Македонски парламентарни избори (2016)
Предвремените парламентарни избори во 2016 година — избори кои се одржале на 11 декември 2016 година. ЗаднинаПолитичка кризаНа 31 јануари 2015 година премиерот Никола Груевски, на прес-конференција објавил дека добивал закани од водачот на опозицијата Зоран Заев за објавување на нелегално добиен материјал од странска разузнавачка служба. Започнувајќи од 9 февруари 2015 година водачот на опозицијата, Зоран Заев, преку проектот „Вистината за Македонија“ започнал со објавување на прислушкуваните разговори (т.н. „бомби“), за кои тој обвинил дека власта незаконски ги прислушкувала граѓаните.[1] На 5 мај започнале протести по објавувањето на снимката за убиството на Мартин Нешковски. На 12 мај оставки си поднеле Гордана Јанкуловска од функцијата министер за внатрешни работи, Миле Јанакиевски од функцијата министер за транспорт и врски и Сашо Мијалков од функцијата директор на УБК по вооружената престрелка во Куманово. По големиот протест на СДСМ и на „Граѓаните за Македонија“ на 17 мај, опозицијата пред зградата на Владата постави шатори, а камперите таму останаа до 16 јули, со барање премиерот Никола Груевски да си замине од власт. Пржински договорНа 2 јуни 2015 во Пржино бил постигнат договор од страна на водачите на четирите најголеми партии за разрешување на политичката криза. Договорот предвидел враќање на СДСМ во парламентот, нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика предложени од страна на СДСМ и одржување на предвремени парламентарни избори. На 15 септември Советот на јавни обвинители на предлог на Собранието ја избрал Катица Јанева за специјален јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите. СДСM, според договорот од Пржино, доби двајца министри во техничката влада за спроведување на изборите. Оливер Спасовски станал министер за внатрешни работи, Фросина Ременски за труд и социјална политика, а Љупчо Николовски, Александар Кирацовски и Кире Наумов станале дополнителни заменици-министри во министерствата за земјоделство, информатичко општество и за финансии. На 30 декември 2015 Заев ги предал материјалите од незаконското следење на комуникациите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Согласно договорот од Пржино, на 18 јануари премиерот Никола Груевски поднел оставка, по речиси десет години на функцијата, а на негово место дошол генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, кој бил технички премиер за спроведување на изборите. На 12 февруари СЈО отворило истражна постапка за својот прв случај, под кодно име „Титаник“, за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања за локални избори во 2013. На 12 април 2016 претседателот на државата, Ѓорге Иванов, донел општ акт за прекинување на сите кривични постапки што се водат против политичари и функционери во Република Македонија, и од власта и од опозицијата, со кој помилувал вкупно 56 лица. По одржаните протести во наредните денови, на 27 мај претседателот ја повлекол одлуката за помилување за 22 најекспонирани политичари, а на 6 јуни и сите преостанати одлуки за помилување. На 14 јуни оставка си поднел вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.[2] Разрешница на кризатаНа 18 октомври 2016 претседателот на Собранието Трајко Вељаноски донел решение за распишување на предвремени парламентарни избори.[3] Изборната кампања започнала на 21 ноември и завршила на 10 декември, на денот на изборен молк. Кампањата на СДСМ била насловена „За живот во Македонија“, додека ВМРО-ДПМНЕ се претставила со програмата „Реално“. Изборите биле одржани на 11 декември.[4] Изборен моделЗа овие избори се применува пропорционален модел со затворени листи. 120 пратеници се избираат во шест изборни единици, по 20 од секоја, при што мандатите се распределуваат според Донтовиот метод. Промени во моделот имаше за гласањето на дијаспората. Бидејќи на претходните избори, тројцата пратеници од дијаспората се избираа со помалку гласови отколку пратениците во Република Македонија, овој пат дијаспората наместо во три, гласаше во една (седма) изборна единица. Првиот пратеник во седмата изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку списокот на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со коишто е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори во Република Македонија, вториот пратеник е избран доколку списокот на кандидати за пратеници освоила двојно поголем број на гласови, а третиот со тројно поголем број на гласови од бројот на гласови со коишто е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори во Република Македонија. Доколку ниту една од листите на пратеници не го добила потребниот број на минимум гласови не се избира ниту еден пратеник. ГласачиСпоред избирачкиот список составот на гласачите е следниов:[5]
Учесници на изборитеСпоред утврдените листи на кандидати за пратеници во изборните единици 1,2,3,4,5 и 6 биле предложени и утврдени 58 листи со вкупно 1.160 кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, а во изборната единица 7 се предложени и утврдени 4 листи со вкупно 12 кандидати за изборн а пратеници во Собранието на Република Македонија. На изборите учествувале 5 коалиции, а самостојно учествувале 6 партии. Во коалиција односно самостојно учествувале вкупно 53 партии. Партии и коалиции (според реден број):
Финансирање на кампањата
Резултати
Резултати по изборни единици
Распределба на мандатите
Реакции по изборите
Епилог![]() Мандатите на пратениците биле заверени на основачката седница на Собранието одржана на 30 декември. На 9 јануари 2017. Иванов го доделил мандатот за формирање влада на Груевски, но Груевски не успеал во уставно предвидениот рок од 20 дена да состави влада. Заев успеал да оформи парламентарно мнозинство преку коалиција на СДСМ со ДУИ, Беса, и коалицијата Алијанса за Албанците, по што на 27 февруари доставил 67 пратенички потписи до Иванов за добивање мандат. Талат Џафери бил избран за собраниски претседател на 27 април 2017 после 20 продолженија на конститутивната седница. По изборот на Џафери следуваше упад во Собранието на околу 300 демонстранти, чиј исход беа и неколку претепани пратеници. Зоран Заев го добил добил мандатот за состав на влада од страна на претседателот Иванов на 17 мај, по испорачаната изјава со гаранција за зачувување унитарноста на државата. На 31 мај била изгласана новата македонска влада, 171 ден по завршувањето на изборите.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia