Пресечки манастир
Пресечки манастир — манастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во селото Пресека.[1] ИсторијаМанастирот била изграден во текот на 1870-тите години. Во 2011 година, манастирот започнал да се обновува со средства прибрани од приватни претпријатија и верници, а притоа бил реконструиран кровот на манастирската црква, поправен бил конакот, а уредена била и околината.[2] ГрадбиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, конак, трпезарија и летниковец. Црква „Свети Харалампиј“Црквата е изгадена во карпа. Таа има правоаголна основа со осумаголна купола и мала апсида на источната страна. ПараклисПараклисот е сместен над манастирската црква, а од неговата страна има летниковец. Изграден е од бетонски тули и однадвор е варосан. Во неговата внатрешност има чешма, висечка полица со предмети и три слики, од коишто на едната е прикажана Богородица со Исус, на втората е претставена Тајната вечера, а на третата Исус. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia