Општина Кочани се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, сместена на североисточната страна на Кочанската Котлина и југоисточната страна на Осоговските планини. Зафаќа површина 360,32 км2, со најниска надморска височина од 320 м и највисока 2.085 м.
Поради поволната географска местоположба и одличните природни одлики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пеонците, Медите и Траките, а во 80-те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените, поточно до VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост од 845-855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвис) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.
Според Законот за територијална поделба од 2004 година кон општина Кочани е припоена и поранешната Општина Оризари, а според пописот од 2021 година во неа живеат 31.602 жители, од кои:[21]
Според проценките на Државниот завод за статистика, на крајот на 2015 година има намалување на бројот на населението и тоа изнесува 37.800 жители.[22] Од овој број 18.943 се мажи, а 18.857 се жени.
Административно седиште на Општината е градот Кочани. В.Д. Градоначалник на општина Кочани е Венко Крстевски , кој бил независен советник во советот на Општина Кочани тој бил избран на функцијата на 14 април 2025 година. Тој бил избран за градоначалник поради оставката и притворот на Љупчо Папазов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. Но поради пожарот во дискотеката "ПУЛС" каде што животот го загубија 62 лицa , Папазов си поднесе оставка[23] Советот на Општина Кочани е составен од 19 члена.
Според последните локални избори од 2021 година, членовите на Советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:
Традиционална стопанска гранка во општина Кочани е земјоделството за кое постојат одлични природни и агротехнички услови. Почвата е плодна од алувијално потекло. Најголем дел од обработливите површини се наводнуваат, поради што има изградено акумулациони објекти и разгранета каналска мрежа од 280 км.
Оризот е најзначајна земјоделска култура со многувековна традиција, високи приноси и одличен квалитет. Годишно се сеат околу 3500 хектари под ориз, со принос од над 5000 кг/ха. Застапени сорти на оризова култура се монтичелиАрхивирано на 31 октомври 2012 г., Р-76/6Архивирано на 31 октомври 2012 г., Сан АндреаАрхивирано на 31 октомври 2012 г., Прима рискаАрхивирано на 31 октомври 2012 г., и МонтесаАрхивирано на 28 септември 2011 г.. Квалитетот на оризот е потврден на Еурека-2000 во Брисел со признание Гран-при Најдоброто од Македонија, со заштитен знак бр. 1- оризот, белото кочанско злато.
Харалампие Манчев, лекар специјалист, прв македонски медицински истражувач
Култура и спорт
Културните збиднувања се остваруваат во бројни институции, за која цел се изградени разновидни објекти ( Дом на културата, кино и сл.). Во Кочани постојат неколку фолклорни друштва кои го негуваат фолклорот, а се негува и драмскиот аматеризам. Секоја година традиционално се одржува ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) во месец мај и Деновите на оризот, во месец септември.
За развој на спортот во градот има изградено спортска сала, фудбалски стадион, базен, терени за тенис, мини голф и слично. Постојат голем број на спортски клубови и здруженија во кои се развиваат различни спортови: борење, кошарка, фудбал, гимнастика, карате, шах, и др. Кочани бил домаќин на државни и меѓународни културни и спортски случувања.
Иселеништво
Иселеништвото во општината има неколкудецениска традиција, при што главно младата население, поради економски причини, емигрирала во Западноевропските земји - во почетокот во Германија, Франција и Австрија, а во последната деценија во Италија и делумно САД, Канада и Австралија.