Претседателски избори во САД (1796)
Претседателски избори во САД, 1796 — трети претседателски избори во САД. Се одржувале од 4 ноември до 7 декември 1796 година. Ова биле првите единствените американски претседателски избори каде што се избрани претседател и потпретседател од различни партии. Дотогашниот претседател Џорџ Вашингтон одбил трет мандат па затоа тогашниот потпретседател Џон Адамс од Масачусетс станал кандидат за претседател на Федералистчиката партија заедно со поранешниот гувернер Томас Пинкни од Јужна Каролина како втор најпопуларен федералист. Нивни противници биле државниот секретар Томас Џеферсон од Вирџинија заедно со сенаторот од Њујорк Арон Бјур од Демократско-републиканската партија. На овие избори секој кандидат од секоја партија се кандидирал сам, поради тоа што формалната позиција „кандидат-партнер“ (англиски: running mate) сè уште не била воспоставена. На овие избори федералистот Џон Адамс го победил кандидатот на Демократско-републиканската партија Томас Џеферсон. Покрај големите препирања, навреди и обвинувања помеѓу двете партии, Адамс и Џеферсон сепак не учествувале активно во кампањата за претседател.[1][2] Џеферсон бил втор по бројот на добиени изборни гласови и бил избран за потпретседател според тогашните закони за гласање на избирачите. Овие избори го востановиле таканаречениот „Систем на прва партија“, и воспоставил соперништво помеѓу федералистичката Нова Англија и демократско-републиканскиот југ, каде што државите во средина ја држеле рамнотежата на моќ.[3] КандидатиПред ратификацијата на XII амандман во Уставот на САД во 1804, секој избирач бил обврзан да гласа за две личности, но не бил во можност да прецизира кој глас бил за кандидатот за претседател, а кој за кандидатот за потпретседател. Наместо тоа, кандидатот кој добил најголем број на изборни гласови станал претседател а оној кој добил втор најголем број потпретседател. Како резултат на ова, двете партии кандидирале повеќе кандидати за претседател со тоа, технички, и Џеферсон и Адамс биле во конкуренција за претседател заедно со своите сопартијци. Прописите велеле дека избирачите треба да дадат еден глас за главниот кандидат на партијата (Адамс или Џеферсон) и еден глас за кандидат кој не бил главен кандидат на партиите, со тоа осигурувајќи се дека главниот номиниран ќе има еден изборен глас повеќе од неговиот кандидат-партнер. Кандидати на Федералистичката партијаГлавниот номиниран од страна на федералистите бил Џон Адамс од Масачусетс, дотогашниот потпретседател и клучен играч за време на револуцијата. Кандидатот-партнер на Адамс бил Томас Пинкни, кој според тогашните правила се кандидирал против него за позицијата претседател. Оваа пракса станала реалност кога Александар Хамилтон, кој имал непријателство кон Адамс, почнал да работи во позадина со цел да биде избран Пинкни наместо Адамс со тоа што ги убедувал избирачите на Џеферсон од Јужна Каролина да го дадат својот глас за Пинкни. Овој негов план не успеал, но го израмнил патот за тензии помеѓу Адамс и Хамилтон во следните четири години.
Кандидати на Демократско-републиканската партија
Резултати![]()
Извор (за народно гласање): U.S. President National Vote. Our Campaigns. (February 11, 2006). Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia