Мапа на изборните резултати по сојузна држава. Сината боја ги означува сојузните држави во кои победил Обама, а црвената ги означува сојузните држави каде што победил Мекејн. Бројките ги прикажуваат избирачките гласови распределени на победникот во секоја сојузна држава.
Обама со голема предност ги освоил овие избори, како на народното гласање така и на Изборен колегиум, односно 365 изборни гласови наспроти 173 за Мекејн. Обама исто така освоил најголем процент на народното гласање како кандидат на демократите од времето на Линдон Б. Џонсон во 1964. Успехот на Обама како кандидат кој бил номиниран за кандидат за претседател од страна на голема партија како и неговата победа на изборите бил голем достиг за афроамериканското општество во САД. Иако Хилари Клинтон не успеала да ја освои демократската номинација, таа сепак станала првата жена во историјата на САД која победила во некоја сојузна држава на меѓупартиски избори, односно во Њу Хемпшир на 8 јануари. Таа во 2016 ја освои номинацијата од страна на демократите како демократски кандидат за претседател но не успеала да победи.[2][3][4][5] Таа исто така станала прва жена која како американски претседателски кандидат се натпреварувала на меѓупартиските избори во секоја сојузна држава. Слично на ова, Сара Пејлин стана првата жена која се најде на републиканската кандидатска листа, и втората жена што се нашла на кандидатска листа воопшто (по Џералдин Фераро во 1984).
Обама освоил 69,5 милиони гласови што претставува најголемиот број на добиени гласови кој ги добил претседателски кандидат воопшто. Вкупниот број на гласови односно 131 милион претсавувале 43% од вкупното население на САД, втор најголем одзив на американски претседателски избоди, веднаш по оние во 2016.[6][7] Ова исто така биле првите избори каде што ниеден од кандидатите за претседател не е роден во Континенталните Соединети Држави. Обама е роден на Хаваите а Мекејн во базата Коко Соло во Панамскиот Канал додека Панамскиот Канал бил територија на САД.
Номинации и кандидати
Во САД преовладуваат две политички партии, демократската и републиканската. Исто така има повеќе помали партии, најчесто нарекувани трети партии, иако повеќето медиуми го ставаат фокусот на двете најголеми.
Секоја голема партија организира меѓупартиски избори со цел да се избере кандидатот за претседател на таа партија. Процесот на номинација се состои од меѓупартиски избори во 50 сојузни држави како и Гуам, Порторико, Вашингтон, Американски Девствени Острови, Американска Самоа и Северни Маријански Острови. Победникот во меѓупартиските избори во секоја сојузна држава освојува делегати кои се пропорционално распределени според процентот на народното гласање кој го добил секој од кандидатите. Во Демократската партија, истакнатите членови се познати како суперделегати кои имаат еден глас на конвенцијата. Кој од кандидатите добива мнозинство од гласовите на партиската конвенција крајот на меѓупартиските избори е прогласен за најверојатен кандидат сè до моментот кога тој или таа не е формално номиниран/а од неговата или нејзината политичка партија.
Џо Бајден, сенатор од Делавер (се повлекол на 3 јануари 2008 и го поддржал Барак Обама)
Мајк Грејвел, поранешен сенатор од Алјаска (се повлекол на 25 март 2008 и се кандидирал за претседател од редовите на Либертаријанската партија. По неуспешната номинација го поддржал Џеси Џонсон)
Кристофер Дод, сенатор од Конектикат (се повлекол на 3 јануари 2008 и го поддржал Барак Обама)
Еван Беј, сенатор од Индијана (се повлекол на 15 декември 2007 и ја поддржал Хилари Клинтон. Подоцна Барак Обама)
Том Вилсек, поранешен гувернер на Ајова (се повлекол на 23 февруари 2007 и ја поддржал Хилари Клинтон. Подоцна Барак Обама)
Картограм на кој се прикажани изборните гласови за претседателските избори во 2008. Секој квадрат претставува еден изборен глас. Мапата го покажува влијанието врз победата кое го имаат таканаречените „измешани држави“ (англиски: swing states. Небраска е една од двете држави каде што методот на добивање на изборни гласови не е „победникот освојува се“ (англиски: winner-take-all). За првпат по системот на поделба на тамошните изборни гласови, 2. конгресен дистрикт во Небраска го избрал Обама со тоа освојувајќи еден изборен глас во таа сојузна држава.