Пристап на напредно мерење (Advanced measurement approach, AMA)Пристап на напредно мерење (англиски: Advanced Measurement Approach, AMA) претставува пристап кој се користи за управување со оперативниот ризик. Овој пристап и овозможува на банката формирање на сопствен интерен модел за утврдување на неочекуваните загуби. Како предуслов на формирањето на овој модел се јавуваат низа квантитативни и квалитативни критериуми кои мора да бидат исполнети.
Банките кои се стремат кон примена на овој пристап ќе бидат ставени под мониторинг од страна на регулаторниот орган кој ќе одреди дали овој метод е соодветен. Генералните услови кои треба да се исполнат вклучуваат управниот и надзорниот одбор да се активно вклучени во надзорот на рамката за управување со оперативниот ризик, банката да има имплементирано здрав систем на управување со оперативниот ризик и да поседува доволно ресурси за примена на пристапот. Квалитативни стандардиКвалитативните стандарди кои банката треба да ги исполни за да го применува овој пристап се однесуваат на:
Квантитативни стандардиИако овој пристап им овозможува значајна флексибилност на банките, тие мора да имаат ригорозни процедури за развој на модел за оперативен ризик и независно потврдување на моделот. Имено, банката мора да демонстрира дека со пристапот кој го користи го задоволува стандардот на комплетност споредено со тој на пристапот заснован на внатрешен рејтинг (internal rating-based approach) за кредитен ризик (на пример, споредено со период на една година и ниво на доверба 99,9 %). Дел од квантитативните стандарди кои можат да се применат како интернационално генерирани мерки за оперативен ризик се следниве:
Основни квантитативни елементиСе појавуваат во практиката случаи каде процените со ниво на доверба од 99,9% се неверодостојни за деловни линии со остри опашки за дистрибуција на загуби и мал број на настанати загуби. Во други случаи пак, податоците за настани со загуби од оперативен ризик проценети со ниво на доверба 99,9 % се покажуваат целосно веродостојни. Решение на проблемот е користење на интерно доследен пристап кој ги вклучува четирите основни елементи за мерење и кој настојува да избегне двојно броење на квалитативните процени на ризик кои веќе се состојат во другите елементи на рамката. Во четирите основни квантитативни елементи влегуваат: База на податоциЗа да го применува напредниот пристап за мерење на оперативниот ризик, банката треба да има пристап до богата база на сопствени или надворешни податоци за настани и загуби предизвикани од оперативниот ризик. Интерни податоциИнтерните податоци за загуби кои ги поседува банката се од клучно значење за поврзувањето на банкарските процени за ризик со реалното искуство за загуби. Интерно генерираните мерки за оперативниот ризик треба да бидат засновани на минимум петгодишен период на набљудување на интерни податоци за загуби, во зависност од тоа дали се користат за директно конструирање или потврдување на одредена мерка.[2][4] Надворешни податоциКористењето на надворешните податоци е исто така од особена важност, особено во периоди кога постои веројатност банката да е изложена на ретки, потенцијално сериозни загуби. Банката би требало да има системски процес за утврдување на ситуации во кои надворешните податоци мора да се користат и мора да има методологии за утврдување на податоците.[5][6] Сценарио анализаБанката мора да користи сценарио анализа која се заснова на експертско мислење во комбинација со надворешни податоци за оцена на изложеноста на настани со голема острина. Проценките произлегуваат од претпоставките за корелација вградени во банкарската рамка за мерење на оперативниот ризик и особено внимание се посветува на загубите поврзани од неповолн и настани кои се одвиваат паралелно.[2] Деловна средина и фактори на внатрешна контролаСо користење на овие фактори проценките се насочуваат кон иднината, притоа директно се одразуваат на квалитетот на контролана банката и работната средина и овозможуваат помош во усогласување на капиталните процени со целите на управување со ризиците и препознаваат подобрувања и влошувања во профилот на ризичност. Типови на настани со загубаВо четирите основни извори на оперативен ризик влегуваат внатрешни процеси, луѓе, системи и надворешни настани. Оваа генерализирана поделба не овозможува прецизно лоцирање на изворот на ризики и со цел да се надмине овој недостаток Базелскиот комитет дефинирал поразгранета поделба на типови на настани со загуба, која вклучува три ниво. На првото ниво се наоѓаат:[2]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia