Пробсцела
Пробсцела (германски: Probstzella) — општина во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Општината претставува административно седиште на општинската заедница Шифергебирге. ГеографијаПробсцела се наоѓа на Тириншките Шкрилни Планини. Околните ридови се извишуваат на над 200 метри во височина. Низ местото тече реката Локвиц, притока на Зале долга 35 километри. Пробсцела е втора најголема општина во округот Залфелд-Рудолштат по Улштет-Кирххазел. Соседни општиниОпштината се граничи со следниве места (почнувајќи од север, надесно): Залфелд, Каулсдорф, Лојтенберг, Вурцбах, Леестен, Лудвигсштат (Баварија) и Грефентал. Општински единициОпштината е поделена на вкупно 20 единици:
1) – содржана во Марктгелиц ИсторијаПомеѓу 1945 и 1990 година, железничката станица Пробсцела служела како граничен премин на границата помеѓу Источна и Западна Германија за железничкиот сообраќај. Преминот бил отворен за возови, кои патувале помеѓу советската окупациска зона (до 1949 г., потоа Источна Германија) или Западен Берлин и американската окупациска зона (до 1949 г. и потоа Западна Германија). Сообраќајот бил предмет на договор за меѓузонските врски помеѓу двете земји. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia