Продавница на тајниПродавница на тајни (италијански: La Butique del Mistero) е збирка раскази од италијанскиот писател Дино Буцати (Dino Buzzati), оригинално објавена во Милано, во 1968 година. На македонски јазик, за првпат збирката е објавена во 2005 година, во издание на „Независни изданија ТНИД Ѓурѓа“ - Скопје, во рамките на едицијата „Меридијани“, по што следувало и второ издание во 2006 година, во библиотеката „Ризница“. Преводот од италијански јазик го направила Радица Никодиновска. Технички одликиЗбирката е печатена во печатницата „Европа 92“ од Кочани, во мал формат (20 сантиметри), во мек повез и има 192 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-920-48-6. На предната корица е наоѓа илустрацијата „Нобиле“ од Дино Буцати, додека на задната корица е даден кус осврт врз животот и делото на Буцати. Лектурата на книгата ја извршила Виолета Танчева-Златева, а ликовното обликување е дело на Славко Јовановски.[1] СодржинаЗбирката „Продавница на тајни“ содржи предговор и 25 раскази:[1]
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia