Прозна еда

Насловна страница од подоцнежен ракопис на Прозната еда напишана од Снори Стурлусон (13 век), која ги прикажува античките нордиски богови Один, Хејмдал, Слејпнир и други личности од нордиската митологија.

Прозна еда, исто така позната како млада еда, Снориева еда (Исландски. Snorra Edda) или, историски, само како "Еда", е книжевно дело на старонордиски јазик напишано на Исланд во почеткот на 13-от век. Се претпоставува дека го напишал или составил, исландскиот научник и историчар Снори Стурлусон околу 1220 година.

Прозна еда првобитно е нарекувана само "Эда", но подоцна е переименувана во Прозна Еда во современите колекции за разлика од збирка под називот "Поетска еда" , која во голема мера е заснована на Кодекс Регинус, збирка на песни, составена после Эда во 13-от век на Исланд.[1] Во тоа време, верзијата Прозна еда била добро позната на Исланд, но научниците сугерирале дека некогаш била стара еда во која се наоѓаат стихови кои биле цитирани во Снориевата еда.

Етимологија

Етимологија на зборот "Еда" останува неизвесна. Постојат многу хипотези и малку согласности.

Наводи

  1. Faulkes (1982:XI).
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya