Старонордиски јазик
Старонордиски јазик — северногермански јазик што го говореле жителите на Скандинавија и колонизираните викиншки територии сè до околу 1300 г. Кон VIII век, пранордискиот јазик се развил во старонордиски, а пак овој почнал да се развива во денешните северногермански јазици кон средината до крајот на XIV век. Во пишан облик, старонордискиот се задржал подлабоко во XV век.[1] Јазикот се делел на три наречја: источно, западно и гутниско. Западното и источното образувале дијалектен континуум, без остри географски граници помеѓу нив и со значајни мешања на говорите на разни територии. Исландскиот „Гускин законик“ (Grágás) од XII век вели дека Швеѓаните, Норвежаните, Исланѓаните и Данците говорат еден ист „дански јазик“ (dǫnsk tunga).[2] Западното наречје се нарекувало „нордиски говор“ (norrœnt mál). Од овој јазик се произлезени денешните северногермански јазици (исландскиот, фарскиот, норвешкиот, данскиот и шведскиот), кои се одликуваат со голема мера на заеморазбирливост. Географска распространетост Западно наречје Источно наречје Гутниско наречје Други германски јазици, барем делумно сродни на нордиските Староисландскиот е во суштина истоветен со старонорвешкиот, заедно образувајќи го западното наречје што се говорел и во викиншките населби во Ирска, Шкотска, островот Ман и во норвешките населби во Нормандија.[3] Источното наречје било застапено во Данска, Шведска и во населбите во Русија,[4] Англија и данските населби во Нормандија. Гутнискиот се говорел на островот Готланд и во разни населби на исток. Кон XI век, старонордискиот бил најзастапен јазик во Европа, со говорно подрачје од Винланд на запад до реката Волга на исток. Во Русија најдолго се задржал во Новгород (до XIII век).[4] Присуството на јазикот во Финска е спорно, но познато е дека се говорел во шведските населби во XIII век. Денешни потомциСовремените јазици произлезени од старонордискиот се западноскандинавските јазици (исландскиот, фарскиот, норвешкиот и мртвиот јазик норн од Оркниските и Шетландските Острови; од источното наречје произлегле источноскандинавските јазици (данскиот и шведскиот). Норвешкиот е произлезен од западното наречје, но со текот на вековите претрпел големи измени под влијание на источното наречје, особено за време на сојузот Данска–Норвешка. Од сите нив, во последните илјада години најмалку измени претрпеле исландскиот и фарскиот. Вон сопственото јазично подрачје, старонордискиот извршил влијание и врз англиските дијалекти и низинскиот шкотски, кој содржи многу заемки од старонордискиот. Старонордиски влијанија се среќаваат и во нормандскиот јазик. Исланѓаните можат да читаат и разбираат старонордиски, но изговорот е исто толку изменет како кај другите северногермански јазици. Старонордиски примеси се забележуваат и кај другите помалку сродни (или несродни) јазици, особено под влијание на нормандските говорим како кај шкотскиот и ирскиот гелски. Рускиот, финскиот и естонскиот имаат низа нордиски заемки: самите поими „Рус“ и „Русија“ потекнуваат од нордиското племе Рус (на фински и естонски, Шведска се нарекува Ruotsi односно Rootsi). ФонологијаСамогласкиСамогласките се претежно присутни во парови „кратка-долга“. Според стандардниот правопис, долгите се означени со остар акцент. Во средновековните ракописи, долгите самогласки почесто се неозначени, но има и такви означени со акцент или удвојување. Јазикот имал назализирани варијанти на сите девет самогласни места.[V 1] Се јавувале како алофони на истите пред носни гласови и на местата каде порано постоел носен глас во постар облик на зборот, пред да припои кон соседниот глас. Ако носниот глас се припојува во нагласена самогласка, ова воедно ја прави долга. Носните и усните самогласки се споиле веројатно во XI век во источното наречје.[5]:3 Меѓутоа, оваа разлика важи и денес во дијалектот на Даларна.[5]:4 Усните и носните фонеми на табелата се одделени со точки.
Напомена: Ниските/полуниски самогласки може да се означат и поинаку:
Некаде околу XIII век, Ǫ (/ɔ/) се споило со Ø или O во сите говори освен староданскиот. Во исландскиот, сите Ǫ се споиле со Ø. Кај староисландскиот, спојувањата се Œ > Æ и Ę > E.
СогласкиСтаронордискиот имал шест избувни фонеми. Од нив, /p/ ретко се среќава на почетокот на зборот, а /d/ и /b/ не се јавуваат помеѓу самогласки освен во сложенки (на пр. veðrabati), бидејќи струјните алофони на прагерманскиот јазик (на пр. *b *[β] > [v] помеѓу самогласки). Фонемата /ɡ/ се остварува како [ɡ] по n или друго g, а како [k] пред /s/ и /t/ (едначење по звучност). Според некои, во внатрешноста на зборовите гласот се остварува како звучната заднонепчена струјна согласка [ɣ], а според други станува таков помеѓу самогласки (а инаку е [ɡ]).[6][7] Гласот /ʀ/ од источното наречје бил врвнојазична согласка чија положба не се знае точно, бидејќи е реконструиран како преднонепчена шушкава согласка[5]:2. Води потекло од прагерманското /z/, за најпосле да се развие во /r/, каков што веќе бил во западното старонордиско наречје.
Акцентот паѓа на основата на зборот. ГраматикаСтаронордискиот бил умерено збороизменителен јазик со висок степен на измена кај именките и глаголите. Највеќето врзани морфеми се задржани во современиот исландски, особено во однос на падежите кај именките, додека пак денешниот норвешки има поаналитичка структура. РодСтаронордискиот имал три рода – машки, женски и среден. Како и во македонскиот, придавките и заменките одговарале на родот на дадената именка (на пр. „heill maðr!“ но, „heilt barn!“) Сите зборови од среден род биле истоветни во номинатив и акузатив,[8] и сите зборови од женски род множина биле истоветни во номинатив и акузатив.[9] МорфологијаИменките, придавките и заменките имале четири падежи — номинатив, акузатив, генитив и датив во еднина и множина. Придавките и заменките воедно се менувале според трите рода. Некои заменки (прво и второ лице) имале и двоина. Генитивот се користел партитивно и честопати во сложенките и кенинзите, како во „Урдов бунар“ (Urðarbrunnr) и „Препирката на Локи“ (Lokasenna). Секој род има неколку класи на именки. Следи пример за „силни“ парадигми:
Покрај овие примери, постоеле повеќе „слаби“ парадигми, што се одликувале со многу повисок степен на синкретизам помеѓу случаите, т.е. немале толкав број разни облици како „силните“. Членот се ставал како наставка, исто како во македонскиот. Така, имаме: troll („трол“) – trollit („тролот“), hǫll („аула“) – hǫllin („аулата“), armr („рака“) – armrinn („раката“). Во прво време членот бил посебен, а станал дел од зборот дури во подоцнежниот период на јазикот (повторно, исто како во македонскиот). Пишани дела
Најраните писмени наоди од старонордискиот јазик се врежаните руни од VIII век. Руните продолжиле да се користат сè до XV век (а во некои делови на Шведска дури до XIX век). Со христијанизацијата во XI век, воведена е латиницата. Најстариот латиничен текст датира од средината на XII век. Подоцна во јазикот се развило големо и разновидно книжевно творештво, единствено од тој вид во Европа. Најголемиот дел од зачуваните дела се напишани во Исланд. Најпознати од нив се нордиските саги, исландските саги и митолошкото народно творештво, но постои и значаен корпис од верска литература, преводи на дворски романси, класична митологија и Стариот завет, како и учебни материјали, граматички расправи и голем број на писма и службени документи.[10] Однос со денешните скандинавски јазици
Поврзано
Белешки
Cleasby-Vigfússon:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia