Прометеј (филм од 2012)
Прометеј (англиски: Prometheus) — американски научнофантастичен филм на ужасите од 2012 г. во режија на Ридли Скот. Првично наменет како предисторија на филмот „Осмиот патник“ од 1979 г., подоцна бил преобразен во самостоен филм, станувајќи првиот во трилогијата од предисторија.[3] Заплетот на филмот ја раскажува приказната за тоа како, на крајот на XXI век, вселенскиот брод „Прометеј“ тргнува кон ѕвезден систем, чиј образ истражувачите го откриле меѓу карпестите слики на различни древни цивилизации што не биле поврзани една со друга. Во потрага по одговори на прашањето за човечкото потекло, екипажот на бродот пристигнува на далечна планета, каде открива закана што може да доведе до исчезнување на човечкиот вид. Премиерата на филмот во САД и Македонија била на 8 јуни 2012 г.[4] СодржинаЕкипа од истражувачи откриваат трага за потеклото на човечкиот вид што ги води на напнато патување во темните делови на вселената, каде што ќе се вклучат во застрашувачка битка од која зависи опстанокот на човештвото. Експедицијата ја водат двајца генијални млади научници, Елизабет Шо и Чарли Холовеј, со спротивни поводи. Елизабет е верничка, таа сака да ги запознае овие „богови“ за да се доближи до нејзините традиционални верски ставови, додека Холовеј сака да го открие тој вид духовност. Во нивната работа како археолози, тие откриваат траги во пештерските пиктограми од древните цивилизации низ целиот свет, сите укажувајќи на истото место во далечната вселена и ја убедуваат корпорацијата „Вејланд индустрис“ да ја финансира мисијата. Ниту еден од научниците не е подготвен за незамисливите ужаси што ги чекаат. Улоги
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia