Шарлиз Терон
Шарлиз Терон (родена на 7 август 1975 г.), е јужноафриканска и американска глумица, продуцент и модел. Таа глумела во неколку успешни Холивудски филмови, како Адвокатот на ѓаволот (1997), Моќниот Џо Јанг (1998), Животот нема правила (1999) и Лудиот Макс: Пат на бесот (2015). Терон добила позитивни критики за нејзината изведба на серискиот убиец Ајлин Вуорнос во Монструм (2003), за која добила Оскар, Сребрена мечка, Златен глобус и награда од страна на здружението на филмски работници за најдобра глумица во главна улога, со што станала првата јужноафриканка со добиен Оскар во некоја од главните категории. Освен тоа таа била номинирана за Оскар и Златен глобус за нејзината улога во драмата Северна земја во 2005 и за Златен глобус за нејзината изведба во комичната драма Млади. Таа станала државјаниин на САД во 2007, но го задржала и своето јужноафриканско државјанство. Покрај глумата, таа почнала и да продуцира филмови. Во 2006, таа го продуцирала документарниот филм Источно од Хавана. Во 2012, таа глумела во фантазијата Снежана и ловецот и во научно-фантастичниот филм Прометеј; филмови кои имале голема заработка во киносалите. Ран животТерон е родена во Бенони, во тогашната провинција Трансвал во Јужна Африка, како единствено дете на Герда (моминско презиме Мариц)[2][3] и Чарлс Терон (роден на 27 ноември 1947 г.).[4] Нејзин пра пра чичко е Даниел Терон, кој учествувал во Втората бурска војна. Таа има француско, германско и холандско потекло; нејзините француски предци биле првите доселеници хугеноти во Јужна Африка. Презимето „Терон“ е окситанско презиме (оригинално „Théron“) изговорено на африканс како „Трон“, иако таа вели дека во Јужна Африка го изговарала како „Тирон“. Кога се преселила во САД, таа го сменила начинот на изговарање, за да звучи по американски. Таа пораснала на фармата на нејзините родители во Бенони, во близина на Јоханесбург.[5][6][7] На 21 јуни 1991, таткото на Терон, алкохоличар, физички ја нападнал нејзината мајка и им се заканувал на двете додека бил пијан. Нејзината мајка во самоодбрана пукала со огнено оружје и го убила. Убиството било пресудено како легално бидејќи било во самоодбрана, и поради тоа мајка ѝ не била осудена.[8][9] Терон учела во основното училиште Путфонтин, и тој период подоцна го опишала како период во кој „не се вклопила“.[10] На 13 години, Терон била пратена во интернат и започнала со нејзините студии во државното училиште за уметности во Јоханесбург. Иако Терон одлично го владее англискиот јазик, нејзин прв јазик е африканс.[11][12] Личен живот![]() Терон има син, Џексон, чиешто посвојување било објавено во март 2012 година.[13] Терон посвоила второ дете, ќерка, во јули 2015.[14] Таа живее во Лос Анџелес, Калифорнија.[15] Терон станала државјанин на САД во мај 2007 година, задржувајќи го и своето јужноафриканско државјанство.[16] Во средината на 1990-те, Терон била во двегодишна врска со глумецот Крег Биерко.[17][18] Во периодот 1997-2001, таа била во врска со пејачот на рок групата Third Eye Blind, Стефан Џенкинс.[19] Потоа Терон започнала врска со ирскиот глумец Стјуарт Таунсенд, со кој глумела во филмот Во замка (2002) и Глава во облаците (2004). Терон и Таунсенд се разделиле во јануари 2010, по деветгодишна врска.[20] На почетокот на 2014, таа започнала врска со глумецот Шон Пен,[21] но било објавено дека тие се разделиле во јуни 2015.[22][23] Здравствени проблемиЗа време на снимањето на Еон Флукс, во Берлин, Германија, Терон боледувала од дискус хернија во нејзиниот врат, предизвикан од пад при превртување преку глава. Поради тоа, таа цел месец морала да носи протеза за вратот.[24] Во јули 2009, на Терон и бил дијагностициран сериозен стомачен вирус, за кој се сметало дека го добила при патување надвор од САД.[25][26] За време на снимањето на филмот Патот, Терон ги повредила гласните жици, додека ги снимала сцените со породување.[27] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia