Просторен план на Република МакедонијаПросторен план на Република Македонија се донесува за територијата на целата држава и претставува стратегија за просторен развој на Републиката, кој дава насоки за намената, користењето, заштитата, организацијата, уредувањето и управувањето со просторот на државата.[1] Во Просторен план на Република Македонија се врши планирање на просторот за период од најмалку петнаесет години. Генералните урбанистички планови мора да бидат во согласност со даденостите од Просторниот план. СодржинаПросторниот план на Републиката содржи:[2]
Просторниот план на Републиката се разработува преку просторен план на регион и просторен план за подрачје од посебен интерес за Републиката. Методологија за изработување на Просторниот планЗа изработување на Просторниот план, Владата на Република Македонија донесува годишна програма за финансирање на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање. Изработката на Просторниот план се финансира директно од Буџетот на Република Македонија.[1] За изработката на Просторниот план на Републиката е надлежна специјализирана државна институција, односно Агенцијата за планирање на просторот, формирана од Владата на Република Македонија. Откако Агенцијата ќе го изработи предлог-планот, се врши стручна ревизија на планот од страна на стручна комисија што ја формира министерот за животна средина и просторното планирање и е составена од членови од стручно-научни институции, истакнати научни и стручни работници од областа на просторното и урбанистичко планирање и од други области суштествени за изработка на планската документација. По завршувањето на расправата, предлог-планот се доставува до Собранието на Република Македонија, кое е државниот орган надлежен за донесување на планот. Собранието спроведува стручна расправа со учество на стручна јавност, претставници на органите на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, институции надлежни за заштита на недвижното културно наследство, научно-стручни институции, комуналните претпријатија и невладини организации. По расправа, планот се изгласува или не се изгласува.[1] Донесениот Просторен план на Републиката се заверува во четири примероци од кои еден се чува во архивот на Собранието, еден во Државниот архив, еден се доставува до Министерството за животна средина и просторното планирање и еден се доставува до Министерството за транспорт и врски. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia