Протекционизам![]() Протекционизам (латински: protegere = заштита) — збир на економски мерки со кои една држава се обидува да ограничи пласирање на странски производ на домашниот пазар, односно да го ограничи увозот (кога луѓето купуваат стоки од други земји наместо од сопствени). Тие мерки се наоѓаат во доменот на стратегиските трговски политики и нивната цел е по правило, подобрување на —пласманот на домашните производи, унапредување и подобрување на развојот на поедините стопански гранки како и стопанството во целина. Такви мерки на стратегиска трговинска политика помагаат во развојот на поедини земји во развој во толкава мерка, па некои од нив веќе прераснале во индустриски сили (на пример, Кина). На пример, ако земјоделците од Србија продаваат пченица по пониска цена од македонските земјоделци, Македонците би купувале повеќе пченица од српските земјоделци отколку од македонските земјоделци, и тие не би добиле многу пари. Придобивките од протекционизмот се дека некои луѓе во една земја би заработиле повеќе пари затоа што би можеле да продаваат работи по повисоки цени, но од друга страна, другите луѓе би изгубиле пари затоа што не би можеле да ги купуваат работите од други земји кои ги продаваат поевтино. Надворешнотрговски протекционизамПолитиката на ограничување на меѓународната трговија се нарекува протекционизам. Протекционизмот вклучува две групи мерки: царини и нецарински ограничувања. Царините претставуваат еден вид данок на увозните производи. Царината ја зголемува цената на увозниот производ и така ја намалува неговата (ценовна) конкурентност во споредба со домашните производи. Нецаринските ограничувања се појавуваат во разни форми, како што се: увозни и извозни квоти со кои се ограничува максималното количество на увозот или извозот на некој производ; дозволи за увоз и извоз, т.е. посебни одобренија за да може да увезе или извезе некој производ; извозни субвенции со кои на извозниците им се надоместува разликата меѓу производната цена (трошоците на производството) и цената по која ги извезуваат производите; здравствени, санитарни, технички и еколошки стандарди кои мора да ги исполнуваат увозните производи за да може да се продаваат на домашниот пазар. Во екстремни случаи, протекционизмот се манифестира во вид на трговско ембарго или трговска војна, кога целосно се забранува извозот во некои земји или увозот од нив.[1] Земјите кои спроведуваат протекционистички мерки наведуваат различни оправданија за своите постапки. Овие аргументи може да се поделат на две групи: економски оправдани и економски неоправдани аргументи.
Посебна форма на протекционизам претставува културниот протекционизам како и протекционизмот во спортот. Со таквите мери се штитат поединечни држави или региони од културни влијанија во странство, односно се штити домашниот пазар на спортисти. Во тој контекст се познати поранешните ограничувања на странските играчи во клубови на некои западноевропски земји. Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia