Психофармакологија![]() Психофармакологија — научна студија за ефектите на психоактивните лекарства на расположението, размислувањето и однесувањето. Општо земено, сите лекови кои дејствуваат врз централниот нервен систем би се ставиле во оваа група лекови (на пример, алхохол, морфин), меѓутоа практично се мисли само на оние лекови кои имаат тераписка примена во психијатријата. Во зависност од ефектите кои ги предизвикуваат, тие се касифицирани во неколку групи:
Психоседативни лековиПсихоседативните лекови се поделени во две подгрупи:
Лекови кои се користат во терапија на психози
Во основа, сите имаат еднакви или слични фармаколошки дејства. Најмногу проучуван и користен меѓу нив е Хлоропромазинот, поради што главно ќе бидат изнесени неговите дејства, а како што веќе беше споменато дејствата на другите лекови се многу слични на неговите. Хлорпромазин (Chloromazin) (Ларгактил)Даден на луѓе предизвикува во прво време чувство на сонливост, потоа човекот лежи мирно и е индиферентен за она што се одигрува околу него, тој сам не започнува разговор, но одговара на прашањата кои му се поставуваат. Интелигенцијата на човекот е зачувана, но има успорени реакции. Освен овие дејства, тој поседува и редица други дејства: хипотермично, депресивно на зоните за повраќање во ЦНС, има антипиретично дејство, хипотензивно дејство, има антиадреналинско дејство и во ЦНС и на периферија како резултат на што веројатно настапува и хипотензијата. Покажува и извасни дејства и врз ендокриниот систем (особено при земање на поголеми дози и во подолг временски период). Овие дејства се манифестираат во прв ред врз аденохипофизата каде што се смалува продукцијара на гонадотропни хормони. Меѓутоа, надвор од секакво сомнение е дека најважните дејства на хлорпромазинот се огледаат во нивното позитивно дејство во терапија на психози, односно во терапијана schizophrenia. Целосниот ефект на овој лек при оваа болест обично насрапува по една или две недели од почнувањето на лекувањето. тој ја стабилизира и редуцира возбудата, тензијата и хиперактивноста. Тие се посебно корисни кај возбудени пациенти, но можат да користат кај сите видови шизофренија. Најдобри резултати се гледаат кај акутни психози, каде што ја контролираат возбудата и агресивноста на пациентите, ги прават покумуникативни и погодни за психотерапија. Меѓутоа имаат послаби дејства врз основните растројства кај оваа болест, како што се нивното растроено мислење, врз халуцинациите и др. Благодарение на оваа група лекови, се скусува лекувањето на пациентите во болниците, голем дел од нив, примајќи ги регуларно, можат да ја извршат својата активност. Што се однесува до механизмот со кој ја поправаат оваа состојба, до денеска не е објаснает, но во последно време преовладува мислењето дека можеби тоа е резултат на антидопаминското дејство на овие лекови. Имено постојат индиции дека е поремегениот метаболизам на Допаминот можеби е одговорен за појавата на шизофренија. Ресорпција, дистрибуција и елиминација. Хлорпромазинот може да се дава преку уста, и.м. или во вид на супозитории. Се дистрибуира речиси во сите ткива, се метаболизира во многу метаболити, а се елиминира главно преку бубрезите. Индификации: Најважна индикација за давање на хлорпромазин и на лековите од целата група е шизофренијата. Освен тоа, хлорпромазинот посебно е корисен како средство против некои повраќање (за време на гравидитет, уремии при рендгенски озрачувања) но не и при кинетози. Лекот е многу ефикасен во супресија на (икање) малку пославо ефикасен при алкохолизам. Флуфаназинот понекогаш се користи при ментално заостанати деца. Дозирање: Во терапија на шизофренија, хлорпромазинот се користи во доста големи дози од неколку стотини милиграми на ден. Несакани дејства: Понекогаш даваат иктерус, оштетување на коскенара срж, кожни | алергични | промени. Меѓутоа, при долга употреба и користење на големи дози, како што е случај во психијатријата, многу често се јавуваат знаци на Паркинсонов синдром кој се одликува со тремор, ригидност на скелетната мускулатура и др. Освен тоа, поради депресивното дејство врз секрецијата на гонадотропни хормони, многу често се добиваат нарушувања во менструалниот циклус и аменореи, како и галактореа заради зголемено лачење на пролактин од хипофизата. Резерпин (Reserpin)Тоа е алкалоид од една индијанска билка кој бил користен во терапија на психози и други психијатриски состојби, но денеска е наполно истиснат од фенотијазинските лекови. Бутирофенони (Butirophenoni)Имаат слични фармаколошки дејства на фенотијазините, но со послабо анриадреналинско дејство.
Литиум карбонат (Litium carbonat)Ова соединение се користи во психијатријара во поново време. Добро се ресорбира од дигестивниот тракт, стигнува речиси во сите ткива и течности, а се елиминира преку бубрезите.
Лекови кои се користат во терапија на возбуди, нервозности („минор транкиланси“)Бензодиазепини (Benzodiazepimi)Ова е најчесто користена гупа лекови во терапијата на состојби на возбуда, страв, нервозност, покачена психичка тензија. Во неа спаѓаат следниве лекови:
Деривати на Пиперидин (Piperidin)Ова се послаби антидепресивни средства, поради што денеска многу ретко се користат во терапија на депресија. Донекаде подобруваат концентрација и ја зголемуваат работната способност. Се даваат преку уста.
Амфетамин (Amphetamin)Амфетамин (Amphetamin) е централен стимулатор и антидепресив кој денеска ретко се користи во терапија на депресивни состојби, неговите фармаколошки дејства и индикации се изнесени во поглавјето за централните стимулативни средства. Психотомиметски (халоциногени) супстанцииТоа се супстанци кои кај нормални луѓе доведуваат до привремена појава на симптоми кои личат на симптомите на една психоза. Името халоциногени го добиле од таму што кај пациентите често доведуваат до појава на халуцинации. Диетиламид на Д-лизергичната киселина (ЛСД)(Diethylamid na D-lisergicnata kiselina (LSD)Главните дејства при земање на оваа супстанција се манифестираат врз ЦНС, а се состојат во следново: појава на визуелни, тактилни а поретко и аудитивни халуцинации. Визуелните халуцинации најчесто се состојат во еден калеидоскоп на фантастично обоено фигури, искривени и не вообичаени во реалниот свет, фигури кои се во движење. Луцето станува недоверливо спрема себе и спрема околината губи осет за време и простор: Постојат и емоционални растројства ( чувство на среќа, депресија, страв). Постојат и некои и симптови од вегетативниот нервен систем (хипертемија, потење, медријаза). Овие ефекти кај некои лица траат неколку часа, кај други со денови, а има опишано случаи на трајно перзистиарање на симптоматологијата.
Марихуана (Marihuana)Марихуаната е смеса на листови, стебла и цвет од билката Канабис сатива, која расте во Мексико. Хашиш (Hashis)Хашиш е по пречистен екстракт - смеса на смоли од некои билки кои растат на Исток. Активната материја во овие билки се смера дека е иста со онаа во марихуаната, односно тоа е Тетрахидроксиканабинол (ТНС), но во хашишот ја има 6-10 пати повеќе.
Мескалин (Mescalin)Тоа е алкалоид кој се добива од една билка, која расте во Мексико и во некои земји на Јужна Америка.
Псилоцибин (Psylocibin)Алкалоид кој се добива од еден вид мексикански печурки. Има слични дејства на ЛСД постои вкрстена толеранција. Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia