Морфин
Морфинот претставува алкалоид кој се добива од незрелите листови на афионот (лат. Papaver somniferum). Морфинот на човекот му е одамна познат. Порано бил сметан за сигурен, ефикасен и долготраен лек кој не создава зависност и успешно помагал при тешки заболувања. Денес се знае дека морфинот претставува опоен аналгетик, кој силно делува на централниот нервен систем, предизвикувајќи еуфорија, поспаност, го ублажува стравот кај пациентот. Со развивање на медицината докажано е дека сепак и морфинот предизвикува зафисност како и сите други опојни алкалоиди, но сепак се користи кај пациенти со многу силни болки како фрактури, оштетување на големи ткива, постоперативни болки и пред сè кај злоќудните заболувања како ракот на белите дробови - каде го олеснува кашлањето и ја смалува болката, кај злоќудни заболувања на дебелото и тенкото црево каде ја намалува перисталтиката. Бидејќи предизвикува зависност, пациентот не смее да дознае дека прима морфин, бидејќи и кога ќе нема силни болки ќе бара да добие доза на морфин. Морфинот е неизбежен и кај пациентите кој се наоѓаат во терминалната фаза од болеста. На овие пациенти животот им е при крај и затоа им се дава морфин за да остатокот од животот го поминат со помали болки. Така на пример кај злоќудните болни кои ракот е во крајна фаза и ниедна терапија не делува на него, се преминува на давање на морфин бидејќи пациентот има јаки неиздржливи болки. Аплицирањето на морфинот во вакви случаи се дава додека не настапи смрт. Според Светската здравствена организација, морфинот се смета како едно од основните лекарства за најголемиот дел од населението. Морфинот како тема во уметноста и во популарната култураа
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia