Пчеларник![]() Пчеларник[1][2] или улјаник[3][4] — место каде што се наоѓаат улишта со пчели. Пчеларникот може да биде преселнички, пчеларот го сели пчеларникот на разни места во зависност од богатството на цут, или да биде поставен цело време на едно место. Исто така, пчеларникот може да биде конвенционален пчеларник и еколошки пчеларник. Сместување на пчеларникот
Производните погони кои се занимаваат со преработка на овошје, грозје и други слични производи, кога се во состојба штетна по здравјето на пчелите (врие и слично), мора да ја чуваат искористената контаминирана амбалажа во затворени простории или на друг начин да ја направат недостапна за пчелите. Неподвижен пчеларник![]() Во зависност од бројот на улишта, неподвижниот пчеларник треба да биде далеку од населени места, автопати, винарии, мелници за шеќер итн. што е определено со прописите за одгледување пчели. Пчелите бараат храна на 2–3 км од пчеларникот, се разбира во разни правци, а кога ќе ја снема во близина, одат многу подалеку. Најновото истражување потврдило дека пчелите се способни да се вратат во улиштето дури и од далечина од 15 километри. ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia