РК Работнички
РК Работнички - ракометен клуб од Скопје. Клубот се натпреварува во Супер лигата. Клубот своите домашни натпревари ги игра во Спортско рекреативниот центар Кале. ИсторијаРакометниот клуб Работнички бил формиран во 1948 година. Работнички заедно со екипата на РК Пелистер претставуваат најстари ракометни клубови во Македонија. Се натпреварувал во Првата Југословенска лига, но подоцна западнал во тешки проблеми кои довеле до распад на клубот. Во 2009 година клубот бил повторно активиран. Во август 2013 година, по повод 65 години постоење на клубот, за првпат во Скопје бил одржан ракомет на плажа во организација на РК Работнички и Град Скопје.[2][3] Во 2014 година, за идната сезона, клубот напреднал во Супер Лигата.[4] Во јули 2015, за новата сезона новиот претседател на клубот - Ристо Чокрев најавил поголеми засилувања при клубот би бил поголем конкурент во Супер Лигата.[5] Набргу потоа пристигнале новите засилувања меѓу кои и неколку репрезентативци.[6][7] Таа сезона 2015/16, Работнички стигнал до плејоф фазата и завршил на последното шесто место. Следната сезона, Работнички не освоил ниту еден натпревар во елитатата и отпаднал во Првата лига. Но Работнички во сезоната 2017/18 не пријавил екипа во вториот по ранг натпреваруња во Македонија. Во сезоната 2018/19, Работнички во Првата лига - Група 1 завршил на првото место и обезбедил пласман во Плејофот на Првата лига. Во Плејофот завршил како вицепрвак и добил право во баражот за унапредување кој го добил и бил унапреден повторно во Супер лигата.[8] Успеси
Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia