Разговор со корисник:ВлаткоалексовЗдраво, Влаткоалексов, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете Неколку работиЗдраво. Навистина сакам да Ви се заблагодарам за Вашето драгоцено време кое го одвоивте за да ни помогнете во развојот на проектот, Википедија на македонски јазик. Но, сепак сакам да Ви појаснам дека не смеете да се потпишувате на страниците кои ги уредувате, осввен на страниците за разговор, а исто така ќе Ве замолам овде да погледнете како најдобро да ги вметнувате сликите во статиите. Поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:58, 24 февруари 2009 (UTC) mk or mkd
Здраво! За овие слики кои сте ги подигнале сте обележале дека не сте сигурни за авторските права врз нив. Повеќето слики кои се наоѓаат на интернет се со авторски права и не се соодветни за Википедија. Ако Вие не сте ја создале сликата или не сте во можност да го проверете статусот на авторското право, не ја подигајте сликата. Затоа овие две слики ќе бидат избришани. Ако имате прашања, слободно контактирајте ме. --Brainmachinewtf? 14:13, 21 јули 2009 (UTC) Викимедија МакедонијаЗдраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:20, 4 август 2009 (UTC) Корисничка статијаЗдраво. Сакам да Ви се заблагодарам за Вашето драгоцено време кое го поминувате, уредувајќи на Википедија на македонски јазик. Сакам да Ви укажам дека доколку сакате нешто да напишете за Вас, истото да го направите на Вашата корисничка страница, а не на посебна статија. За Вашата корисничка страница одлучувате Вие и може да напишете што сакате за Вас. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:06, 5 август 2009 (UTC) P.S.Шаблонот на Вашата корисничка страница може слопбодно да го отстраните. како што напоменав, уредете ја по Ваша желба.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:07, 5 август 2009 (UTC) Ненамерна грешкаМалку сум нов во Википедија, па затоа наместо корисничка статија направив посебна статија, ама видов дека не требало така. Фала за исправките и се надевам дека ќе имам поголем придонес особено во областа на медицината. Др. Влатко Д. Алексов (разговор) 00:41, 5 август 2009 (UTC) Вики средбаЗдраво. Ве известуваме дека на 29 август, сабота, со почеток во 12:00 ќе се одржи Вики средба во трговскиот центар Ramstore во Скопје, на која главно ќе се разговара за здружението Викимедија Македонија, за чие основање сте заинтересирани. Ве поканувам да присуствувате да оваа средба, а Вашето присуство може да го потврдите овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:04, 24 август 2009 (UTC) Ако може малку помошПишував статија за гихт и ставив некои сликички , од мене фотографирани. Само не знаев како да ги ставам во помала големина на самата статија, а кога ке се кликне на нив да се прикаже во нормална големина. Ако може да ми помогнете. Благодарам однапред! Влатко Алексов (разговор) 23:06, 26 август 2009 (UTC)
Благодарам Влатко Алексов (разговор) 23:06, 26 август 2009 (UTC) |
Portal di Ensiklopedia Dunia