Разговор со корисник:Golf5plus

Постери од филмови

Здраво, имате добри уредувања, но сакам да прашам за постерите за филмови што ги подигнувате овде: тие подлежат под авторски права, дали имате дозвола за нивното поставување на Википедија? - Поздрав, Виолетова (разговор) 20:25, 22 април 2023 (CEST)Одговори

Опомена

Здраво, фотографиите кои ги подигнуваш не се слободни и поради тоа поголемиот дел од нив ги избришав. На Википедија не може да се подигнуваат фотографии, кои не се слободни, односно сите фотографии мора да бидат со ослободени авторски права, или пак фотографии кои самиот член ги направил. --Ehrlich91 (разговор) 21:35, 24 мај 2023 (CEST)Одговори

Снежана Киселичка

Здраво, не ми е јасно зошто отстрануваш филмови од списокот на филмови во кои глумеле нашите глумци? Нивните страници на Imdb покажуваат друго нешто од она што ти го запишуваш. Еве за пример: imdb на Снежана Киселичка, го има филмот Ликвидатор, кој ти го отстрануваш? Исто така и на страницата на imdb за филмот Ликвидатор, ја има вбројано Снежана Киселичка. Може некој линк, потврда за твоите поправки? -Виолетова (разговор) 16:38, 24 јули 2023 (CEST)Одговори

Здраво, таков филм по име "Ликвидатор" не постое, провери слободно, на ИМДБ таму незнам кој направил лажна страница за Ликвидатор, инаку Ликвидатор е роман од Столе Попов не е филм. На ИМДБ очигледно има некој грешки и лажни информации. Golf5plus (разговор) 17:01, 24 јули 2023 (CEST)Одговори
Еве ти линк дека постои филмот: vardarfilm.mk Како ќе докажеш ти дека не постои? Те молам не го бриши филмот од списокот кај глумците по свое видување, може да бидеш блокиран заради такво нешто. - Виолетова (разговор) 17:22, 24 јули 2023 (CEST)Одговори
Како прво тоа е документарен филм без актери, кој трае 15 мин. Golf5plus (разговор) 17:48, 24 јули 2023 (CEST)Одговори
Твоето прво беше дека филмот не постои, и ти пиша: таков филм по име "Ликвидатор" не постое, провери слободно - проверив, постои, ти дадов линк. А сега си пишал: Како прво тоа е документарен филм без актери, и ова не е точно. Не ги менувај страниците за глумци по свое видување, според тоа дали ти си чул или не дека филмот постои. Поздрав- Виолетова (разговор) 08:42, 30 јули 2023 (CEST)Одговори

Правилни наводници

Здраво, те молам користи ги правилните наводници -- „ “. Поздрав. --Andrew012p (разговор) 20:05, 24 декември 2023 (CET)Одговори

Лиценцирање

Здраво, кога подигаш неслободни слики, задолжително мораш да ставаш лиценца инаку сликата ќе биде избришана. Кај делот „Неслободно дело“, го пополнуваш сето тоа и најдолу кај „Лиценцирање“ во овој случај бираш „Филмски плакат“. Јас веќе ти го направив тоа за Податотека:Снежана на крајот умира.jpg. Поздрав. --Andrew012p (разговор) 01:16, 9 јануари 2024 (CET)Одговори

Предупредување

Здраво, создавање статии за промоција на мали бизниси на Википедија не е во согласност со енциклопедиската содржина и самите политики, па поради тоа двапати ти ја бришам статијата за локално стовариште во Кавадарци. --Ehrlich91 (разговор) 10:46, 25 февруари 2024 (CET)Одговори

Авторски права на фотографии

Здраво, прикачување фотографии со авторски права на Википедија на македонски јазик, при што се заобиколуваат правилата, не е дозволено. Поздрав - Виолетова (разговор) 19:24, 22 мај 2024 (CEST)Одговори

Пишав дека неслободни фотографии кои подлежат на авторски права не е дозволено да се прикачуваат со заобиколување на правилата. Само што ја избришав минатиов пат Податотека:Анета и Јовица Наумчевски.jpg, ти си ја закачил повторно за помалку од еден час. Избришана е пак, и некој од администраторите деновиве (можеби и јас лично) ќе ги провери сите фотографии што си ги прикачувал со заобиколување на авторските права, и ќе ги избрише. Имај на ум дека не е доволно оти ќе напишеш дека сликата не е слободна. Неслободната фотографија треба да добие дозвола од оној што ги има авторските права. Вакво заобиколување се правело само за постери за филмови и насловни страни на книги, затоа што нивните авторски права се покомплицирани, односно авторските права не се само на еден човек кој може а и не мора да даде дозвола. - Виолетова (разговор) 10:44, 28 мај 2024 (CEST)Одговори
Како и што ти има напишано администраторот Виолетова, поради кршење на авторски права, фотографиите во мал квалитет преземени од најразлични извори/начини постепено ќе бидат отстранувани од Википедија. Гледам дека за Митко Апостоловски повторно си подигнал фотографија. Да беше така едноставно, сите ние ќе подигнувавме фотографии и немаше потреба да се трудиме да имаме наши фотографии, кои ќе бидат слободни. --Ehrlich91 (разговор) 17:02, 10 јули 2024 (CEST)Одговори
Јас фотографиите кој ги прикачувам на различки страници, без разлика дали се слободни или не, наведувам извор од каде е фотографијата, и со тоа со изворот не прекршувам авторски права. Не знам зошто постојано ги бришеш фотографиите, кога википедија ги прифаѓа и само со наведен извор. Јас моите страници кој ги создавам за одредена личност пејач или глумец, сакам да имаат и фотографија за полесна идентификација на личноста, кој ги подигам од социјалните мрежи и наведувам извор. И те молам престани да ги пришеш фотографиите каде имам вложено труд за да ви пронајдам. Поздрав... Golf5plus (разговор) 18:23, 11 јули 2024 (CEST)Одговори
@Golf5plus Сите сакаме на страниците да има и фотографии, но тоа едноставно е посложено отколку што мислиш. Така, освен ако не е твое (исклучиво твое) дело, односно самиот не си ја фотографирал личноста, тогаш ти треба многу повеќе отколку наведување на извор. Фотографии може да се прикачат ако се слободни, односно ја имаат истата лиценца под која може да се употребуваат на Википедија. Истите фотографии ќе бидат повторно избришани и доколку повторно ги прикачуваш, тогаш ќе бидеш блокиран. --Ehrlich91 (разговор) 22:21, 12 август 2024 (CEST)Одговори
@Ehrlich91 Како може едни исти фотографии, кој јас ги прикачив на македонска википедија на актерките Катерина Крстева и Катина Иванова да бидат избришани, а на српската википедија да бидат прикачени само со извор и лиценцирање на истата и да не се бришат. Јас тука не гледам проблем зошто само тебе ти пречат и се закануваш со плокирање. На википедија може секој да уредува, и ти не може тија што ти одговарат тебе да уредуваат а тиа што ти пречат да ги блокираш. Фотографиите кој беа прикачени од мене беа со наведен извор, лиценцирање и автор на истата. Golf5plus (разговор) 00:43, 13 август 2024 (CEST)Одговори
@Golf5plus Изворот ти се медиуми/портали, на кои пишува дека е забрането преземање содржина. Да беше толку лесно, ќе имавме слободни фотографии од сѐ. Те предупредив повеќе пати за ова и ти продолжуваш, затоа и ти посочив дека ќе следи санкција. За наведените конкретни две фотографии посочи од која страница се фотографиите, бидејќи останатите тие беа од страници кои не дозволуваат повторна употреба. --Ehrlich91 (разговор) 09:16, 13 август 2024 (CEST)Одговори
@Golf5plus Повторно подигнуваш фотографии, го наведуваш како извор МНТ, каде што стриктно најдолу на страницата стои (Сите права се задржани). Време е да одмориш на некој ден. --Ehrlich91 (разговор) 14:17, 13 август 2024 (CEST)Одговори
@Golf5plus Повторно го правиш истото, на следна подигната фотографија со нерегулирани авторски права, јас ќе бидам приморан да те блокирам. --Ehrlich91 (разговор) 17:26, 10 февруари 2025 (CET)Одговори

Џабе пишуваш извор на фотографиите кога изворот не дал дозвола. Не ми е јасно кој дел не ти е јасен од тоа дека не смее да поставуваш фотографии најдени било каде по инетернет? --Виолетова (разговор) 16:28, 12 февруари 2025 (CET)Одговори

@Виолетова Мене тие слики не ми се најдени никаден. Јас ги направив тие слики, од нивните гостувања на ТВ. И нормално наведив извор и ги ставив под лиценца Неслободна екранска снимка од ТВ. Што не е јасно тука. Секаден по светот оваа е дозволено. Не ми е јасно зошто ги бришете сликите, кога сликите се под лиценца и извор. А дозвола од ТВ и интернет не треба, ако се од мене направени. Golf5plus (разговор) 18:17, 12 февруари 2025 (CET)Одговори
@Golf5plus Носител на авторски права е телевизијата или продукцијата, а не ти кој седиш пред ТВ и фотографираш. Не знам како тебе не ти е јасно ова. --Ehrlich91 (разговор) 20:14, 12 февруари 2025 (CET)Одговори
@Ehrlich91 Мене ми е јасно, ама тебе не ти е јасно како што гледам! Освен што се заканувате и бришете друго не знаете. Golf5plus (разговор) 22:08, 12 февруари 2025 (CET)Одговори
@Golf5plus Ако ти е јасно за авторски права, зашто тогаш продолжуваш да подигнуваш фотографии, иако двајца администратори ти имаат укажано на истото. --Ehrlich91 (разговор) 10:25, 13 февруари 2025 (CET)Одговори

Golf5plus според начинот на кој разговараш по темава, тебе не ти се јасни авторските права и другите сродни права. Те молам прочитај повеќе, имаме и во статијата авторско право дел за тоа што е авторско дело, каде ќе видиш дека тоа што ти го сметаш за свое дело, всушност не е твое. Блокирањето што го споменува администраторот Ehrlich91 се користи во вакви случаи за да запреш со погрешни уредувања, во случајов подигнувања на слики кои се неслободни, и да научиш како треба, да го поправиш однесувањето и уредувањата. Фотографиите по правило се подигнуваат на заедничката ризница од каде може да се употребат на сите јазични Википедии, линк до страницата: [1]. Фотографии те молам подигнувај таму. Гледам дека безмалку година се убедуваме, и нема ефект, ти и натаму грешиш и не сакаш да прифатиш како е правилно, па поставуваш фотографии за кои еве излегува дека не ни знаеш оти не се слободни за употреба. Подигнување на фотографии на македонската Википедија се врши ретко и во посебни случаи, и тогаш кога знаеме дека не се за на заедничката ризница. Не смее да биде правило да се поставуваат фотографиите овде. Поздрав -- Виолетова (разговор) 11:56, 13 февруари 2025 (CET)Одговори

Копирање на материјали од МНТ

Здраво, ти посочив кога ти одбив твои промени дека не смее да се копира материјал за кој има целосни авторски права, во твојот случај од страницата на МНТ, кога ги додаваш сите можни театарски претстави на глумиците и глумците. Патем, тоа се детални информации за нивните професионални кариери, кои не може да се најдат во енциклопедиските статии на Википедија. Овде се наоѓаат дел од нивните кариери, а не целокупните информации, така што ти посочувам да престанеш со вметнување на овие содржини. --Ehrlich91 (разговор) 17:20, 10 февруари 2025 (CET)Одговори

Земете учество во уредувачкиот натпревар на тема „Хемиски елементи и изотопи“.

Здраво Golf5plus, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Хемиски елементи и изотопи“ и да создадеме повеќе статии за хемиските елементи и изотопи во периодот од 10 февруари до 9 март, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија! Jtasevski123 (разговор) 12:15, 18 февруари 2025 (CET)Одговори

Земете учество во СИЕ Пролет 2025

Здраво Golf5plus, те повикувам да се приклучиш на регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2025“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. Jtasevski123 (разговор) 08:31, 1 април 2025 (CEST)Одговори

Земете учество во уредувачката седмица „Управување со отпад“

Здраво Golf5plus, те повикувам да се приклучиш на уредувачката седмица на тема „Управување со отпад“, која ќе трае од 2 до 8 јуни 2025. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. Убав ден! Jtasevski123 (разговор) 09:49, 3 јуни 2025 (CEST)Одговори

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya