Разговор со корисник:Mile kmЗдраво, Mile km, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете Здраво...од мене. Што се однесува за ваквите теми, за политичари и историски личности, тука е малку сензитивна тема но нема голем проблем со политичарите. Најчесто, на македонската Википедија се прават статии за политичари што се широко познати во Македонија и што се активни во јавниот сектор. Можеби ова придонесува за промоција на некоја политичка сила или политички активист, но според правилата на Википедија такви статии што се однесуваат за широко познати личности се прифатливи. За да се избега од тн промоција на политичарот или партијата, користиме Неутрална Гледна Точка, што воедно е принцип за неутрално претставување на работите. Ако мислиш дека некоја статија има премногу пропаганда или промовирање, слободно менувај и направи што повеќе неутрална. Ова е отворена енциклопедија и слободно земи си активно учество. Биди поздравен и се најдобро.--MacedonianBoy 19:21, 7 февруари 2009 (UTC)
Мали советиТе молам види ја оваа статија за тоа што не е Википедија. Ова ти го велам најдругарски, бидејќи може да имаш проблеми со останатите корисници и администратори, ќе ти зборат за твоето однесување и ќе те обвинат за форумџија. Со добри пристојни дискусии, се постигнува се.--MacedonianBoy 20:43, 7 февруари 2009 (UTC) Па таму никаде не пишува дека мора да ја имаа оваа заебанција, јас поведов петиција на селскиот бунар, брат повели дади подршка.--Mile km (разговор) 20:54, 7 февруари 2009 (UTC)
Коце ТрајановскиОчигледно ова не е твојот блог па да тресеш зелени како овој коментар. Несолените дискусии не се толерираат и прво би бил задоволен ако земеш една статија да напишеш, а не да шеташ од разговор на разговор и да форумизираш статии. А коментарите од типот фаци и краци за корисници се надевам ќе треба да се санкционира. Уште еднаш ти наведувам ова не е блог и држи си го јазикот во устата. Тука има сериозни корисници кои години од животот посветиле за википедија да стане тоа што е сега.--Р ашо
Па врската води до ДПМНЕ, тоа те прашувам, колку е релевантна? Брат јас сум светски шетан човек, шутка, топана, дури во германија сум бил, ееј :)--Mile km (разговор) 21:17, 7 февруари 2009 (UTC)
Ок ако ти така велиш, имаш поголемо искуство тука.--Mile km (разговор) 21:30, 7 февруари 2009 (UTC) ПредлогАј види ја статијава за Индија. Празна е. Арно ама на твојот блог има доволно текст за оваа земја. А бидејќи текстовите ти се со слободна лиценца (а се надевам ти си авторот) можеш слободно тука да го распоредиш. Ова би било еден добат почеток за тебе. Што велиш?--Р ашо
|
Portal di Ensiklopedia Dunia