Рамсарска конвенција
Рамсарска конвенција (полн назив: „Конвенција за водните живеалишта од меѓународна важност, особено за водните птици“) — меѓународен договор за заштита и одржливо користење на водните живеалишта (моклишта)[1] со цел да се спречи нивното уништување и да се нагласи нивната еколошка стопанска, културна, научна и рекреативна вредност. Наречена е по градот Рамсар во Иран, каде е потпишана во 1971 г. Македонија има две рамсарски места: Преспанското и Дојранското Езеро.[2] Во 1994 г. е основан и Македонскиот рамсарски комитет.[3] За конвенцијатаКонвенцијата е осмислена и усвоена од 21 држава на собирот во градот Рамсар на 2 февруари 1971 г., чиј домаќин било Министерството за животна околина на Иран.[4] Стапила на сила на 21 декември 1975 г. На 2 ноември 2013 г. постоеле 2.168 рамсарски места во 168 држави. Местата имаат вкупна површина од 206.632.105 хектари. Највеќе заведени места има Велика Британија (169), а најголем удел по површина има Канада (130.000 км²). Дефиницијата за водно живеалиште е прилично широка: морски подрачја не подлабоки од 6 м при осека, мочуришта, езера, езерца, оризарници и солани.[5] Потписниците се состануваат на секои три години, почнувајќи од 1980 г. Досега на собирите се усвоени два амандмана во 1982 и 1987 г.[6] Организацијата има постојан комитет, стручен одбор и секретаријат. Седишето се наоѓа во Гланд, Швајцарија, во кое е сместен и Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП). Соработува со разни еколошки организации за подобар успех во делувањето. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia