Моклиште
![]() Моклиште — месност каде што е мокро, влажно.[1] Тоа е подрачје со екосистем на премин меѓу суво и мокро. Овој поим опфаќа различни видови животни околини, како што се мочуриштата, речните ракавци („мртвици“), мочуришните шуми, мочуришните ливади и слични, поплавени подрачја во поголемиот дел од годината. Флората и фауната се приспособени на целогодишниот вишок на вода. Моклиштата имаат многу големо еколошко значење бидејќи на водните и мочуришните птици им служи како живеалиште, одмориште или зимувалиште. Моклиштата покриваат околу 6 % од Земјината површина, но главното производство на нето-биомаса учествуваат со околу 24 %, што значи дека се високопродуктивни екосистеми. Покрај тоа, тие се многу ефикасен филтер на подземните води, а исто така обезбедуваат многу добра заштита од поплави. Со Рамсарската конвенција моклиштата се ставени под заштита. Значајни моклишта се на пример Пантанал, Еверглејдс и плитките морски брегови. Во Македонија најзначајно моклиште е Студенчишкото Блато. НаводиЛитература
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia