Рам (езеро)
Рам (хебрејски: בריכת רם, "Brekhat Ram"; арапски: بحيرة مسعدة, "Buhāir Mas'ade") — кратерско езеро во североисточниот дел на Голанската Висорамнина, во Израел. Езерото се наоѓа во близина на планината Хермон. Езерото се снабдува со вода по пат на дождовница и подземни извори и нема одливи. Името на хебрејски значи „висок базен“, а на арапски Масадејско езеро (по селото Масаде).[1] Ова езеро и регионот е поврзан со етно-религиската група Друзе.[2] ГеологијаПовеќето геолози веруваат дека езерото настанло во кратер на исчезнат вулкан.[2] ЛегендиСпоред преданијата на Талмудот, Рам е едно од трите подземни извори, заедно со Хамат Гадер и Хамат Тиберијас, кои се отвориле за време на Големиот потоп (од времето на Ное) и не се затвориле по завршувањето на потопот. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia