Ранофламанско сликарство
![]() Ранофламанско сликарство или фламанска примитива (употр. во холандски и шпански) — израз кој означува група на сликари активни главно во Ниските Земји во XV и раниот XVI век. Периодот започнува околу времето на Хуберт ван Ејк и завршува со Герард Давид. Овие сликари биле олицетворение истовремено на средниот век и преодот кон ренесансата. Овој период е паралелен на Италијанската ренесанса, но стилски е различен. Обично се вели дека ова е раноренесансно или доцноготско сликарство. Поврзаност со италијанската рененсансаОвој нов стил се јавил во Фландрија речиси истовремено со италијанската ренесанса. Мјасторите на овој стил биле многу почитувани во Италија, и веројатно имале поголемо влијание врз италијанската уметност отколку обратно. Ренесансата не вршела некакво значајно влијание на северот пред 1500. Меѓутоа, додека во Италија гледаме радикални промени во архитектурата, скулптурата и фиолсофијата, револуцијата во Фландрија била ограничена само на сликарството. За сликарството во периодот помеѓу 1500 и пред Осумдесетгодишната војна, видете Холандско-фламанско ренесансно сликарство Список на сликари![]()
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia