Расински Округ
![]() Расински Округ — округ кој се наоѓа во јужниот дел на Република Србија. Има вкупно население од 240.463 жители (Попис 2011 г.). Седиштето на округот е во градот Крушевац. Во Крушевац и околината има неколку културно-историски споменици: Лазарев Град, со остатоци од средновековна тврдина и црквата Лазарица, е епска градба во српската традиција. Црквата Лазарица посветена на Св. Стефан е прототип на Моравското училиште, а изградена е во 1376 година. по повод раѓањето на Лазаровиот син Стефан. Кула Донжон, воено утврдување на средновековен град, сведоштво е за големото културно и историско наследство на српскиот народ. Манастирот Љубостиња го основала принцезата Милица, сопругата на Лазар, на крајот на 14 и почетокот на 15 век, по битката за Косово, кога таа решила да се повлече како владетел и да ги собере вдовиците на српските владетели убиени на Косово. Љубостиња од првиот ден имала културна улога. Тука биле донесени истакнати летописци, препишувачи, мајстори за украсни книги и сликари. Административна поделбаРасинккиот Округ опфаќа еден град и пет општини.
Демографија
Според официјалниот попис од 2011 година, Расинскиот Округ имал 241.999 жители. 53,8% од населението живееле во урбани подрачја. Етнички состав на округо:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia