Ратомир Грозданоски
Ратомир Грозданоски (Брест, Македонски Брод, 15 мај 1959) — македонски теолог, професор и протоѓакон[1]. Во 1978 завршил Македонска православна богословија, а во 1983 дипломирал на Православниот богословски факултет во Скопје. Во 1994 магистрира, а во 2001 докторира на Филолошкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил и на студии на Аристотеловиот универзитет во Солун и на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Атина. Посетувал настава и на Богословскиот факултет во Атина, а бил и на студиски престој во Даблин, Р. Ирска. По враќањето во Скопје, работи како референт за просвета во Скопската митрополија, а потоа е поставен за професор во Македонската православна богословија, каде останува седум години, а во 1990 г. е избран за наставник на Православниот богословски факултет во Скопје, по предметите Библија – Свето писмо на Новиот завет и старогрчки јазик. Во 2006 година е избран и за декан на Факултетот. Бил близок соработник на поглаварите: Ангелариј, Гаврил, Михаил и Стефан. Член е на Советот за меѓурелигиска соработка во Р Македонија и негов прв претседател од 2002 до 2006 година и на Друштвото на писателите на Македонија. БиблиографијаУчествувал на научни симпозиуми и медиумски настапи и има над 300 свои написи, статии и научни трудови. Редактирал, рецензирал, уредувал и лекторирал книги и списанија со богословска содржина. Посебно ги обработувал егзегетиката и исагогиката на Новиот завет. Автор е на следните книги:
НаградиДобитник е на државната награда „Гоце Делчев“, како општествено признание за особено значајни остварувања од интерес на Р Македонија во областа на науката (2014) и на највисоката државна награда за образование и воспитание „Свети Климент Охридски“, со која се оддава признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието и образованието (2015). Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia