Друштво на писателите на Македонија![]() Друштво на писателите на Македонија (скратено, ДПМ) — професионално здружение на писателите од Македонија. Друштвото е формирано на 13 февруари 1947 година,[1] од страна на осум писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески. Претседател на ДПМ во два мандати бил Гане Тодоровски (1969-1971 и 1985-1986). Од јуни 2004 до мај 2006 на чело на ДПМ бил Трајан Петровски, кој на таа функција дошол на местото на Веле Смилевски. Од мај 2006 година, функцијата претседател на ДПМ ја вршел Јован Павловски, кој претходно, во два мандата бил на челната позиција на ДПМ.[2] Друштвото ја издава и книжевната ревија „Стожер“. НаградиДПМ доделува неколку книжевни награди, и тоа:[1]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia