Рачеви Плевни (Рожден)

Рачеви Плевни

Карта

Местоположба 41°11′29″N 21°54′54″E / 41.19139°N 21.91500°E / 41.19139; 21.91500
Основни податоци
Место Рожден
Општина Кавадарци
Тип

 населба  топилница


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Рачеви Плевниархеолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Рожден. Претставува населба и топилница од доцноантичкото време. На левиот брег на Дабов Дол, во непосредната близина на Арничко Маало, во нивата на еден жител, има големо присуство на фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. На долниот крај на нивата, кој е како мала тераса, има остатоци од топена железна руда.[1]

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 159. ISBN 9989649286.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya