Рајна-Мајна
Метрополитенската област Франкфурт Рајна-Мајна, често едноставно нарекувана Франкфурт Рајна-Мајна, област Франкфурт Рајна-Мајна или област Рајна-Мајна (германски: Frankfurt/Rhein-Main, скратено FRM) — втората по големина метрополитенска област во Германија, со вкупно население над 5,8 милиони. Метрополитенскиот регион се наоѓа во централниот западен дел на Германија и се протега во делови на три сојузни покраини: Хесен, Рајнска област-Пфалц и Баварија, како и градовите Франкфурт на Мајна, Висбаден, Офенбах, Мајнц, Дармштат и Ашафенбург. Полицентричниот регион е именуван по неговиот средиштен град Франкфурт на Мајна и двете реки Рајна и Мајна. Областа Франкфурт Рајна-Мајна официјално е означена како европски метролитенски регион од германското сојузно министерство за транспорт, градежништво и урбанистички работи и зафаќа површина од околу 13.000 квадратни километри. ПоделбиРајна-Мајна е полицентричен метрополитенски регион, но економската големина и политичката тежина на градот Франкфурт го поставува во многу моноцентричен однос со нејзиниот поширок појас. Од почетокот на 1970-тите, метрополитенската област Франкфурт на Мајна германски: Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main) — дефинирана како област, која ги опфаќа градовите Франкфурт и Офенбах и нивните непосредни соседни окрузи. Административниот округ Дармштат на покраината Хесен може да се гледа како на следна административна поделба, којшто лежи целосно во метрополитенскиот регион и понатаму ги вклучува градовите Дармштат и Висбаден и голем број на поголеми окрузи. На следното ниво, метрополитенскиот регион исто така ги вклучува градовите и окрузите на Мајнц и Ашафенбург во двете погранични сојузни покраини Рајнска област-Пфалц и Баварија. Метрополитенска област/Метрополитенски регион
Поголеми урбани зониЕвростат Urban Audit го дели регионот Франкфурт/Рајна-Мајна во четири поголеми урбани зони (ПУЗ). Овие четири урбани зони се исклучуваат од бројот на окрузи во метрополитенската област.
Градови и окрузи
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() СообраќајРастот на оваа област главно може да се бара во поволните комуникации, кои ги промовира раната индустријализација. Меѓутоа, денес, значењето на индустриското учество во голема мера се заменува со банкарство, трговија и логистика. Франкфурт лежи во населената Сина банана, која поминува покрај долината на Рајна и градот е отскочна штица од и до одредени делови на Швајцарија и јужна Германија. Рајна-Рур е достапна за еден час патување брзата железничка линија Келн-Франкфурт и воздушната линија Франкфурт-Берлин е најпрометната во германскиот домашен воздушен сообраќај. Меѓународниот аеродром Франкфурт е најпрометниот аеродром за патнички сообраќај во Германија и еден од трите најпрометни аеродроми во Европа. Притоа, заедно со силните железнички врски, исто така, служи како главен транспортен центар. ОбразованиеМетрополитенскиот регион Франкфурт/Рајна-Мајан е дом на пет универзитети и повеќе од 20 делумно постдипломски колеџи, со вкупно над 200.000 студенти. Најголемиот универзитет е Универзитетот Франкфурт, а најстариот е Универзитетот Мајнц (Универзитет Мајнц-Јоханес Гутенберг), првично основан во 1477 година. Други универзитети се:
Познати високи школи и универзитети за применети науки (Fachhochschulen) се:
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
50°06′N 8°42′E / 50.1°N 8.7°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia