Метрополитенските области во Германија се единаесет[1] густо населени области во Сојузна Република Германија. Тие ги содржат најголемите германски градови и нивната околина и формираат политички, комерцијални и културни центри во државата. Единаесетте метрополитенски области во Германија се организирани во политички единици за плански цели.
Во потесна смисла на метрополи, само четири градови ја поминуваат границата од најмалку еден милиони жители, меѓу нив се: Берлин, Хамбург, Минхен и Келн.
Петте најважни региони, колективно често нарекувани "големата петорка",[2][3] се често споредувани со други европски метрополитенски области за инвестиции и пазарен развој.[4] Тие се (од север кон југ): Хамбург, Берлин, Диселдорф, Франкфурт и Минхен. Глобализацијата и светската студија на глобални градови ги смета Франкфурт и Минхен како „α“ (алфа) глобални градови, додека другите се сметани како „β“ (бета) глобални градови.[5]
Франкфурт
Берлин
Хамбург
Минхен
Диселдорф
Секој од нив формира видови на кластери и постигнува различни видови на резултат во области како што се економската активност, човечкиот капитал, информациска и технолошка размена, културно искуство и политичко учество.[6]