Рајнско-бершки округ
![]() Рајнско-бершки Округ (германски: Rheinisch-Bergische Kreis) — округ во регионот Келн/Бон на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Се граничи со окрузите Горнобершки и Рајна-Зиг, како и самостојните градови Келн, Леверкузен, Золинген и Ремшајд. ИсторијаВо средниот век, подрачјето на округот било во состав на Грофовијата Берг, од каде произлегува неговото денешно име. Во 1816 г. целата Рајнска Област влегла во Прусија, а на оваа територија властите ги создале окрузите Виперфирт, Золинген, Ленеп, Милхајм и Опладен. Три години подоцна, Золинген и Опладен се споени во поголемиот округ Золинген. Во 1929 г. е создаден новиот Рајнско-вуперски округ, а неколку од општините влегле во веќе пораснатите градови Вупертал, Ремшајд и Золинген. Во 1932 г. се споени Милхајм и Виперфирт, образувајќи го Рајнско-бершкиот округ, кон кој во 1975 г. е придодадена и територијата на Рајнско-вуперскиот округ. ГеографијаОкругот го сочинува западниот дел на Бершкиот крај, на местото каде ридовите на Зауерланд се спуштаат во долината на Рајна. Градови и општини![]()
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
51°01′N 7°12′E / 51.017°N 7.200°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia