Ребека Јарос (родена на 13 април 1981 година) е американска авторка. Таа е најпозната по серијата фантастични книги „ Емпиријан“. Јарос дипломирала на Универзитетот Троја, каде што студирала европска историја и англиски јазик.
Емпиријан серијал
Првата книга од серијата „Емпиријан“, Четврто крило, била објавена во април 2023 година од „Ред Тауер Букс“. Во мај, се книгата била на четвртото место на листата на бестселери на Libro.fm.[2] До крајот на јуни, била бестселер број еден на Амазон.[3] Од август 2024 година, книгата поминала 65 недели на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“, вклучувајќи ја и првата позиција.[4] Исто така, била и на листата на бестселери на Libro.fm на второто место во август[5] и на третото место во септември.[6] Во октомври и ноември 2023 година, Четврто крило била на листата на „Ју-Ес-Еј Тудеј“ на десетте најпродавани книги.[7][8]
Продолжението, Железен пламен, било објавено во ноември 2023 година.[9] Во јули 2023 година, Вотерстоунс посочиле дека станал „најбрзо продаваниот наслов за претходна нарачка во еден ден на веб-страницата, при што специјалното издание се распродало за само седум часа“.[10] Третата книга, Бура од Оникс, била објавена во 2025 година. Јарос посочила дека серијалот ќе вклучува пет книги.[3]
Во октомври 2023 година, било објавено дека „Аутлајер Сосајети“ на Мајкл Б. Џордан и „Амазон МГМ Студиос“ ги купиле правата за адаптација на серијалот романи во телевизиска серија. Лиз Пелетие од „Ентангелд Паблишинг“ и Јарос ќе бидат извршни продуценти кои не се сценаристи.[11][12]
Почести
Во 2019 година, „Киркус Ривју“ ја вклучиле Последното писмо на нивната листа на најдобри книги за годината.[13]
„Буклист“ го вклучиле Четврто крило на нивната листа „Топ 10 научно-фантастични/фантастични и хорор книги: 2023“. [14] Во јануари 2024 година, „Паблишерс Викли“ го стави Четврто крило на третото место на својата „листа на 25 најпродавани книги за 2023 година“.[15]
На истата листа, Железен пламен била наведена на 6-то место.
Личен живот
Јарос почнала да пишува додека нејзиниот сопруг бил распореден во Авганистан.[16] Таа и нејзиниот сопруг имаат шест деца.[7]
Јарос има Елерс-Данлосов синдром, како и нејзините синови.[3] Јарос и нејзиниот сопруг првично биле згрижувачи на ќерка, а на крајот ја посвоиле; нивната ќерка е невербална и е во спектарот на аутизам. Преку непрофитната организација „УанОктобер“, која ја основала со својот сопруг во 2019 година, Јарос е помага за подобрување на животот на децата во системот за згрижување.[17]
Публикации
Самостојни романи
1984: Против сите шанси. ВаВа Продукција. 2016. (Дел од серијалот Љубов во 80-тите со Кејси Л. Бонд, Линди Зарт, Камбрија Хиберт, Амбер Лин Натуш, Мисти Провенчер, Р. К. Рајалс, Камео Рене, Рејчел Хигинсон и Кели Мартин)
Последното писмо. Ентенглд. 2019. ISBN 9781640635333.
Големи и драгоцени нешта. Ентенглд. 2020. ISBN 9781640638167.
Музи и мелодии. Јарос Инк. 2020. (Дел од трилогијата Hush Note со Сарина Боуен и Девни Пери)
Работите што ги оставаме незавршени. 2021.
Преблиску. Јарос Инк. 2022. ISBN 9780997383164. (Дел од трилогијата Планината Мадиган со Сарина Боуен и Девни Пери)
Во веројатен случај. Монтлејк. 2023. ISBN 9781662511561.
Емпирска пенталогија
Четврто крило. Ред Таур Букс. 2023. ISBN 9781649374042.
Железен пламен. Ред Таур Букс. 2023. ISBN 9781649374172.
Бура од оникс. Ред Таур Букс. 2025. ISBN 9781649377159.[18][19][20][21]