Мајкл Б. Џордан
Мајкл Бакари Џордан (роден на 9 февруари, 1987 во Санта Ана, Калифорнија, САД) — американски актер. Неговите улоги во телевизиските серии досега се Ист Дилан во Средно училиште, квортербекот Винс Хауард во Светлата во петок навечер, тинејџерот дилер на дрога Валас во Жицата, Реџи Монтгомери во Сите мои деца, и Алекс во Родители . Во филмовите, тој ја играл улогата на жртвата на напади од оружје Оскар Грант во филм со позитивна критика Станицата Фруитвејл (во 2013 година), Човекот-факел во филмот од 2015 Фантастична четворка, и Адонис Крид во продолжението на Роки филмот Крид (2015). Другите филмски улоги му биле во Црвени опашки (2012), Хроника (2012) и Тој незгоден момент (2014). ЖивотописЏордан е роден во Санта Ана, Калифорнија, како син на Дона, уметник и советник по оваа насока во средно училиште, и Мајкл Џордан, вработен во ресторан.[1][2][3] Тој средното по возраст од трите деца покрај постарата сестра, Жамила, кој работи во производство, и помалиот брат, Калид, кој бил фудбалер на Универзитетот Хауард.[4] Семејството на Џордан поминало две години во Калифорнија[5] пред да се преселат во Њуарк, Њу Џерси.[1] Тој учел во Уметничкото средно училиште во Њуарк, каде што неговата мајка работела, и каде што тој играл кошарка.[1] Средното име на Џордан, "Бакари", е од Свахилскиот јазик за "благородно ветување."[6] КариераЏордан не планирал да навлегува во глумецството, иако тој имал некои кампањи за моделирање за локалните компании,[7] како ако и за Modells и Toys "R" Us.[8] Џордан ја започнал својата кариера како професионален глумец во 1999 година, кога тој се појави накратко во по една епизоди од сериите Козби и Сопранови.[1] Неговата прва филмска улога дошла во 2001 година, кога тој бил вклучен во Хардбол , во кој глумел и Кијану Ривс. Во 2002 година, тој добил повеќе внимание играјќи ја малата, но клучна улога на Валас во првата сезона на ХБО филмот Жицата. Во март 2003 година, тој се приклучил на кастингот за Сите мои деца играјќи ја улогата на Реџи Портер, проблематичен тинејџер, сè до јуни 2006 година, кога Џордан бил ослободен од неговиот договор.[9] Џордан имал и неколку настапи како гостин во сериите Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас,[10] Без трага и Заборавен случај. Потоа, тој ја имал главната улога во независниот филм Blackout и глуми во Асистенти. Во 2008 година, Џордан се појавува во музичкиот спот "Did You Wrong" на R&B изведувачот Pleasure P. Во 2009 година, тој играл како гостин во серијата Одстрел во епизодата "Hot Spot", играјќи улога на фудбалер кој игра за средното училиште но кои исто така влегол во тепачка и сега е прогонуван од страна на локалниот мафијаш. Во 2010 година, тој повторно како гостин играл во Закон и ред: Злосторски намери во епизодата "нехумано општество". Во 2009 година, Џордан почнал да глуми во драмата на NBC Светлата во петок навечер како квортербекот Винс Хауард, и живеел во стан во Остин каде што се одржало снимањето на серијата.[11] Тој го играл ликот две сезони сè до завршувањето на шоуто во 2011 година.[12] Во 2010 година, тој бил прогласен за едно од 55-те лица на иднината според Магазинот Најлон, списание за Младите глумци во Холивуд.[13][14] Таа година, тој добил повремена улога во новата серија на NBC Родители играјќи го Алекс (љубовта на Хади Баверман).[15] Со ова тој ја направил својата втора соработка со продуцентот Џејсон Катимс, кој бил задолжен и за Светлата во петок навечер. Потоа, BuddyTV го рангира на #80.место на својата список на "најсекси мажи од на ТВ за 2011 година".[16] Џордан исто така го има и позајмено својот глас на ликот Џек од Xbox 360 играта, Gears of War 3.[17] Во 2012 година, Џордан се појавил во филмот на продуцентот Џорџ Лукас - Црвени опашки[18] и одигра една од главните улоги во филмот Хроника, во кој тројца тинејџери развиваат натчовечки способности.[19] Тој, исто така гостувал во една епизода на серијата Доктор Хаус од последната сезона, играјќи слеп пациент.[20] Во 2013 година, Џордан го доживеал најголемиот успех во својата кариера дотогаш играјќи ја главната улога во филмот Станицата Фруитвејл, Оскар Грант, во режија на Рајан Куглер. Неговиот настап бил добро примен, а филмски критичар за Холивуд репортер Тод МекКарти пишува дека тој го потсетил на "Дензел Вашингтон како млад".[21] По неговиот настап во Станицата Фруитвејл, Џордан бил именуван како еден глумец на кој треба да се обрне внимание во иднина од страна на списанјата People и Variety.[22][23] Потоа Џордан глумел во Тој незгоден момент, заедно со Зак Ефрон и Мајлс Телер, кој излегол во 2014 година.[24] Во 2015 година, тој ја ограл улогата на Џони Сторм, Човекот-факел во филмот Фантастичната четворка.[25][26][27] Голем успех Џордан доживеал играјќи ја улогата на Адонис Крид, синот на боксерот Аполо Крид во продолжението на Роки Крид (2015), филм во режија на Рајан Куглер во кој глуми заедно со Силвестер Сталоне.[28] Џордан се подготвувал за неговата улога како боксер во Крид, со преземање на ригорозeн физички тренинг и адстрингентно исхрана со малку маснотии во период од речиси една година. ФилмографијаФилмови
Телевизија
Видео игри
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia