Рефет ЕлмазиРефет Елмази (албански: Refet Elmazi; Теново, Тетовско, 5 септември 1959) — македонски политичар, висок функционер на ДПА, поранешен заменик министер за внатрешни работи и функционер во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање. Нарекуван е човекот за валканите игри на Тачи[1]. ЖивотописЕлмази е роден на 5 септември 1959 година во село Теново, Општина Брвеница, Тетово. Дипломирал на 19 февруари 1984 година Факултетот за одбрана на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1984 до 1998 година работи како професор во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, во Тетово, а од 1998 па до 2000 година бил заменик-министер во Министерството за одбрана на Македонија. Од 2000 до 2002 година во Владата на Љубчо Георгиевски бил заменик-министер во МВР, за повторно од 21 септември 2006 да ја врши устата функција сè до почетокот на 2008 кога поднел неоптповиклива оставка[2]. На Елмази му се препишува заслуга за обезбедувањето на податоци за полициската акција во селото Бродец[3]. Високите функции на Елмази поминуваат со инциденти и контроверзии во кои меѓународната заедница го посочува за директна вмешаност во изборни насилства и инциденти[4]. На крајот од 2009 година Елмази се повлекува од функцијата како член на претседателството на ДПА и поднесува оставка[5]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia