Селото се наоѓа на десниот брег на реката Вардар, во подножјето на Сува Гора. Селото се наоѓа меѓу селата Радиовце и Стенче.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 49 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]
Доселеници:Дошлаковци или Николовци (4 к.) доселени се од соседното село Милетино. И во Милетино се доселиле однекаде; Ристевци (1 к.) доселени се од денес албанското село Градец; Ѓуревци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско; Војновци (4 к.) доселени се од раселеното село Смрдеш на Сува Гора; Терзијевци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско; Даниловци (1 к.) овде се доселил основачот на родот Рафе. Тој дошол како домазет од селото Железна Река; Чарлевци (4 к.) доселени се од некаде. Некои мислат дека се од некое албанско село во Скопски Дервен; Бацој (1 к.) доселени се од селото Милетино, таму имале роднини. Подалечно потекло имаат од селото Долна Лешница.
Албански родови во Теново се:
Доселеници:Рамовци (5 куќи) доселени се од некое село во околината на Пешкопеја; Вајитовци (1 куќа) доселени се од селото Гургурница, таму се доселени од селото Рибница, Горна Река; Рустемовци (10 куќи) доселени се од некое село во Кичевија, таму се доселени од Северна Албанија; Мифтаровци (3 куќи) и они се доселени од некое село во Кичевија, можеби Гарани (?). Таму се доселени одСеверна Албанија; Куковци (10 куќи) доселени се од Кичево. Возможно е да потекнуват од Торбеши; Емруловци (2 куќи) доселени се од Северна Албанија; Јашаровци (1 куќа) доселени се од селото Зајас, Кичевија, подалечно потекло од Северна Албанија; Ајрединовци (1 куќа) доселени се од Челопек; Садиковци (7 куќи) и они се доселени од Зајас, подалечно потекло од Северна Албанија; Локовци (16 куќи) доселени се од некое село кај Пешкопеја; Фетаовци (1 куќа) доселени се од Зајас, подалечно потекло од Северна Албанија.[14]
Редовни настани
Св. Недела
Црквата „Св. Недела“
Еден од поголемите настани што се прославува во теново е празникот посветен на Св. Недела, чие име го носи манастирската црква која се наоѓа на блискиот рид Горица.
Одбележувањето на Св. Недела во ова подсувогорско село е традиија долга повеќе од 88 години, од самото основање на манастирската црква. Тогаш во Теново се збираат сите, а пред сè младите. Некои со друштва, скара и добра музика, а други пак радувајќи му се на богатиот панагур[15].
Богојавление
Чествувањето на Богојавление во Теново започнува од празникот Водокрст кога кумот во својот дом го врзува крстот со црвена врвца и го носи кај локалниот свештеник на осветување.
Обичаите продолжуваат и на самиот празник Водици во селската црква „Св. Никола“ кога верниците пречекани со пригодни богојавленски песни го бакнуваат и го даруваат осветениот крст.
Дел од обичаите е и лицитирањето или дарувањето на јаболката кои се собрани во текот на претходниот ден како одврзувањето на крстот[16].
Рефет Елмази (р.5 септември 1959) - Висок функционер на ДПА, поранешен заменик министер за внатрешни работи и функционер во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2047 и 2048 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
↑D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
↑Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
↑Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.24.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 407-408-409.