Реј БредбериРеј Даглас Бредбери (англ. Ray Bradbury, 22 август 1920 – 5 јуни 2012) бил американски писател на научна фантастика[1]. ![]() Биографија![]() Роден е на 22 август 1920 во Вокиган, Илиноис, САД. Во раните години неговото семејство често се преселувало, за во 1934 конечно да се населат во Лос Анџелес. Во семејството на Бредбери, повеќемина се занимавале со книгоиздателство, затоа не изненадува тоа што и самиот станал писател, покрај тоа што бил голем љубител на книжевноста. По средното образование не се решава да се запише на универзитет и заработува од продавање дневни весници. Образованието го продолжва во библиотеката, каде се вљубува во научно фантастичните дела и ликови, како Флеш Гордон и Бак Роџерс. Наскоро започнува да ги објавува и своите СФ раскази по списанија во раните 1940-ти. Неговата прва книга, збирката Темен карневал, ја објавува во 1947[2]. == Работел и на сценарија за филмови. Тоа се „Моби Дик“ (1956), режиран од Џон Хустон, и „Кралот на кралевите“ (1961), режиран од Николас Реј. Бредбери исто така пишувал и за првата сезона на Зона на самракот (1959). Покрај веќе наведените дела, Бредбери има напишано и голем број на есеи и ракази. Пишувал и мјузикли, десетина романи и новели, збирки раскази, па и поезија. Веројатно најпознато дело му е Фаренхајт 451 – температурата на која хартијата гори, издадено во 1953 година, кое денес претставува класик на американската книжевност. Бредбери бил и идеен советник за павилионот на САД на Светската изложба во Њујорк во 1963, а помагал и при создавањето и планирањето на туристичките патеки низ Дизниленд како консултант за урбано градежништво и брз транспорт. Иако честопати бил означуван како неучнофантастичен писател, лично сметал дека од неговите дела само „Фаренхајт 451“ е научна фантастика, заснована на стварноста. За поголемиот број од останатите дела сметал дека се фантастика[3]. Дела
Збирки раскази
Покрај овие колекции многу раскази се издадени како Best of колекции. Поезија
Друго
Занимливости
Почести и наградиЗа своите придонеси во филмската индустрија, Реј Бредбери добил ѕвезда на познатиот Холивудски булевар. Еден астероид е именуван во негова чест - (9766) Bradbury, исто како и еден кратер на месечината што го добил називот според наслов на негов роман - "Dandelion Crater". За своето творештво е добитник на „Светската награда за фантастика“, Стокеровата. Пулицеровата награда и други. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia