Ривалдо
Ривалдо Виктор Борба Фереира (роден 19 април 1972, познат како Ривалдо) — поранешен бразилски фудбалер и претседател на фудбалскиот клуб Можи-Мирин од Бразил. Тој играл на позицијата играч за врска со напаѓачки задачи, а понекогаш и како втор напаѓач. Тој поминал пет години во шпанскиот клуб Барселона, каде што оформил успешно партнерство со Патрик Клојверт и ја освоил шпанската лига во 1998 и 1999 како и кралскиот куп во 1998 година. Од 1993 до 2003 година, Ривалдо одигра 74 натпревари за репрезентацијата на Бразил и постигна 35 гола.[1] Тој му помогна на Бразил да стигне до финалето на Светското првенство во Франција во 1998 година, и да победи на Копа Америка во 1999 година, каде што беше именуван за најдобар играч на турнирот. Ривалдо беше делот од тимот заедно со Роналдо и Роналдињо на ФИФА Светското Првенство 2002 година во победничкиот тим. Тој беше именуван во Ол-Стар тимот на Светското првенство во 1998 година и 2002 година. Тој е еден од повеќето вешти и креативни играчи од неговата генерација, Ривалдо беше познат по неговиот удар популарно наречен сув лист, по директниот слободен удар, техниката, шут од далечина, како и способност за постигнување гол и создавање гол шанса.[2][3] Во 1999 година, тој ја освои наградата Ballon d'Or и беше именуван за играч на годината на ФИФА.[4] Во 2004 година, тој беше именуван од страна на Пеле во ФИФА 100 списокот на најголеми живи фудбалери во светот.[5] Тој е дел од Бразилскиот Музејот на Фудбалот - Дом на славните. Во март 2014 година, Ривалдо го најави своето повлекување од професионалниот фудбал,[6] но во јуни 2015 година, тој имаше настап за Можи-Мирин. .[7] На 14 август 2015 година, тој најави дека враќањето е готово и дека тој повторно се повлекува; ова се должи на постојаните повреди.[8] Во 2015 година, тој дејствувал во иранскиот кино филм Не сум Салвадор . Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia