Роналдињо
Роналдо де Азис Мореира (англиски: Ronaldo de Assis Moreira) (роден (роден на 21 март 1980), познат како Роналдињо — бразилски фудбалер кој последниот негов ангажман беше во тимот на бразилскот Флуминезе. Од септември 2016 година тој е официјално амбасадор на неговиот поранешен клуб Барселона. Роналдињо на португалски значи "мал роналдо". Ова име Гаучо го избрал само за да се разликува од "стариот" Роналдо Де Лима. БарселонаДојде во тимот на Барселона во 2003-тата година од екипата на Париз Сент Жермен кога имаше само 23 години. Тогашен тренер на Барселона беше Франк Рајкард кој направи одличен избор со доведувањето на Бразилецот во своите редови. Заедно Самуел Ето, беа одличен тандем кој во 2005-тата година постигна 32 гола и ја освоија Лигата на Шампионите. МиланВо Милан се досели на 16 јуни 2008 каде што потпиша договор до 2012 година. Бидејќи бројот 10 беше на дресот на Кларенс Сидорф, Роналдињо го избра бројот 80 бидејќи 1980 е година на неговото раѓање. По првиот натпревар во дресот на Милан, иако не постигна гол, сите беа сведоци дека влегува во одлична форма и дека не заборавил да игра фудбал. Тоа и го покажа на следните натпревари а особено се истакна во натпреварот со Интер кога постигна фантастичен гол со глава и им донесе победа на "Росоњерите" од 1:0 на 28 септември 2008. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia